Гледаше сега непосредно под себе, кон плочникот од куќата над која беше застанат, направо во луѓето што поминуваа и нивните фигури му се чинеа уште посмалени, како прилепени кон земјата, сѐ додека не изминеа малку и не ја покажеа постапно својата исправена положба.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
И така, човекот можеше да си гледа колку сака и да стои над понорот од улицата невиден од никого.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Него, сигурно, никој не го забележуваше така затскриен зад железата од рекламата, зашто никој не го подигаше погледот во ова запурничаво попладне кога сѐ уште блештеше отсјајот од силното сонце.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Се заниша доближувајќи се полека со чело кон плочникот. Падна исправен со несвиткана кичма.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)