Напротив. Внимателно проследувајќи го научниот приод кон поезијата и исклучиво од аспект на одредени математички анализи, Соломон Маркус доаѓа до следните значајни заклучоци: - поетското дело е отворено и никогаш не е упатено само кон еден; - поетското дело е изложено на отворена и бесконечна метаморфоза, и тогај кога неговиот рецептор не се менува; - поезијата е носител на континуелна бесконечност на значењето; - поетското значење е рефлексно, инволутивно.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Токму поради оваа необична сличност помеѓу „врвното доживување“, кое се јавува спонтано, ретко или никогаш во животот, и психоделичното доживување, кое може по желба да се повика со помош на дрогите, ова последното е толку привлечно за многу личности наклонети кон поезија, музика, сликарство, филозофија и религија.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Од друга страна, настојувањето на „Стремеж“, секој автор чија книга ја објавува да ја придружи со негова размисла за неговиот сопствен опит, може да претставува, исто така, едно своевидно проширување на теоретскиот дијапазон, што ќе го зголеми нашето книжевно искуство, што ќе формулира од денешен аспект некои пунктови на нашите естетски стојалишта, и, што е од особено значење, - ќе ги открие, невидливите јадра од кои зрачи посебноста на приодот кон поезијата на современиот македонски автор.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)