Но, и покрај таквите недоразбирања, штабовите на двете организации настојувале на секој можен начин да се надминат меѓусебните недоразбирања и да ѝ дадат предност на соработката, која од ден на ден станувала сè поизразена, бидејќи се работело за реализирање на заеднички цели.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Американската дипломатија не била многу наклонета кон британскиот империјализам, а некои припадници на ОСС дури и отворено се противставувале на некои британски чекори кои биле насочени кон проширување на Империјата.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)