Бидејќи Костадиновска извесно време работи на позиција на која има одличен увид во приходите на фирмата, таа истакнува дека, во почетокот, фирмата имаше големи приходи и потенцира дека „многу пари влегуваа во претпријатието“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
16 Согласно чл. 4 од Законот за измена на Законот за минимална плата во Република Македонија (бр. 30/14) минималната плата за 2015 година ќе изнесува 9.590 денари во нето износ, освен за одделите производство на текстил, производство на облека и производство на кожа и слични производи од кожа чија висина ќе изнесува 8.050 денари во нето износ, измена која уште еднаш го потврдува дискриминаторскиот карактер на законот кон работниците во овие индустриски гранки.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Исто така, работодавачот не смее своите побарувања кон работникот, без негова писмена согласност, да ги порамни т.е. компензира со својата обврска за исплата на платата (чл. 111, ЗРО/05); в) со ЗРО (2005), за прв пат, законски се прецизира од што е составена платата, а тоа е: т.н. „основица“ – делот на основната плата, потоа следува т.н. „бонус“ – делот за работниот ангажман и успешност, па додатоците (чл. 106, ЗРО/05) и, на крајот, надоместокот на трошоците во врска со работата (чл. 113, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Односот на обајцата директори кон работниците станува дрзок, а во комуникацијата почнуваат да преовладуваат заканите, уцените и притисоците.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, потоа работите на овој план радикално се променуваат – па, откако приходите ќе влезат во фирмата, како што нагласува самата, почнуваат „мистериозно“ да исчезнуваат, односно „да одат во џебовите на двајцата директори“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)