Живи не се давајте! – викаше пукајќи пред него, а во воздухот одѕвонуваше гласот на Никола, како двоен повик: еден на јуриш за дофат на слободата, а друг за скок кон смртта но храбар, бестрашен скок, скок кој носи слава.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Некој му носи понада не од почит кон него, ами кон смртта што го чека и него; му носи што е најубаво за јадење за да му ја одоброволи смртта и да му ја направи помила, зашто животот си оди и како да си го проживеал: добро или лошо, среќно или несреќно; сиот живот е само еден миг: мигот на умирањето: во него сѐ е збрано.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Кога зборуваме за “сериозност” во литературата неизоставно мислиме за односот кон смртта - на пример, како ликовите би се однесувале во нејзино присуство, а како во случај кога таа не е актуелна.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Сите имаат имиња како од некаква криминалистичка оперета, или филмски прекари (Рафал, Џони, Браво, Скот...), го премолчуваат својот идентитет, чекорат по облаци, благо, речиси нежно се лизгаат кон смртта и на крајот себе си го дозволуваат луксузот на кукавичлакот за конечно да фрлат сенка на својот „имиџ“.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Изгледа дека кон смртта и уништувањето тежнееме исто толку колку и кон животот и среќата.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Зошто секој ден повторно и повторно грешам со телото свое и со секој ден се движам сè поблиску кон смртта ако е таа само премин кон другиот свет и ако душата моја е бесмртна, та ќе воскресне во вечен живот?
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Зошто постојам?‘ Затечен од прашањето негово, тогаш ви реков дека самиот Бог преку пророкот Исаија рекол дека Небото му е престол, а Земјата подножје на нозете негови.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
И тоа не само поради лингвистичката коректност: Писател како Пруст не може неповратно да го изгуби времето – ме убедува Панче: Тој едноставно си го враќа филмот на патот кон смртта и ги изострува одделните кадри.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Но секоја нишка што ќе ја одбереш, води кон средето, кон смртта на оној кој чита, што значи беспотребно е да се плашиш дека не одиш по вистинскиот пат во клопчето на словото, оти блаженството на смртта при читањето настапува кога ќе ја затвориш корицата од книгата што ја читаш, оти тука, во таа точка, во средето, очи во очи со пајакот вжарен, со источникот на словото завршуваш и ти, и слободен си, како никогаш, како да си мртов, како да си заспал во Бога.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Упатен кон смртта, јас немав очи да ја видам светлоста во твоите овлажнети зеници, отворени прозорци кон мене, само кон мене!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Се враќам од граница: пред очите уште ми се пречкаат борците што ги испратив: со тивок марш ми одат кон смртта, кон никаде да се обѕрнат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Секој однос кон уметноста воедно е и однос кон смртта.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Но, сега сме сѐ уште во Уметноста е драма. првата фаза на ширењето на e-mail Секој однос кон комуникацијата и за мене примарно уметноста воедно е прашање сега е како да им се пријде на и однос кон смртта. луѓето и да им се олесни користењето. 130 Margina #17-18 [1995] | okno.mk Кои стратегии за ширење на e-mail комуникацијата ги поддржуваш?
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Затоа и тие промени се највидливи во моментот кога ќе се најдеме очи в очи со смртта.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Наближувањето кон смртта не го менува само тонот на искажаното туку и зборовите што ќе бидат употребени.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Луѓето тежат кон ропство, кон сивило, кон смрт. Луѓето бараат само леб и сол и по можност да не јадат ќотек.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Заборави; и на раснењето на сите девојчиња, на процесот што го нарекуваше „станување жена“, му додели само едно својство – зависта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога брат ми на светот му го соопштувал ова свое сфаќање како апсолутна вистина, не се сетил на мојата болка од она попладне кога тој имаше тринаесет, а јас седум години, онаа болка и оној страв предизвикани од погледот на разликите на нашите тела, од помислата на раснењето и делењето со детството, од претчувството дека мојот живот и неговиот живот нема да продолжат заедно и ќе чекорат одвоено кон смртта; го заборавил тоа попладне и тагата и стравот што потекнаа од него и што како сенка паѓаа врз мене претворајќи се во некоја друга тага, во некој друг страв, влевајќи се во некои други таги и стравови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Нашата голема возбуда ја запре татко ми кога тивко рече: – Чанга сигурно ја избрал смртта, или пак патот што сигурно води кон смртта, со малку надеж за спас, за излез од Калето.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Гледаше и птици кои споулавено ќе го надлетаа родното гнездо, и според него најверојатно губејќи го ритмот на враќањето, обезглавено летаа кон смртта.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)