Потем, во тој наш смртен живот сега, кога осознаваме, спасението нѐ ослободува од ропството на гревот, за во иднина да бидеме избавени од Божјиот грев со нови воскреснати тела.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
И им ги затна устите на волците, на тријазичните еретици, пророчки укажувајќи на тревливиот јазик и упатувајќи ги сите со писмо кон спасение.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“
од Климент Охридски
(1754)
И уште ви кажав дека смртниот живот е само еден од трите неопоходни чекори кон спасението, оти прво во него мораме да добиеме прошка за своите гревови од минатото, та од духовна смрт да преминеме во духовен живот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Покај сѐ и тоа ќе ти помогне да се вратиш од мракот кон светлината, од немирот, кон мирот во душата; од сатаната кон бога, кон спасение; нема човек безгрешен, па дури и еден ден да живеел на земјата, зашто потекнуваме од грешните Адам и Ева, како што вели Јов, но ако се покае, господ му простува.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)