Групи весели мечиња, парче по парче, го носат својот тежок товар и симпатично збивтаат.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Сега попот беше тој што што нè научи инаку да се крстиме: до доаѓањето на поп Доне, според тоа како нè имаше научено Петре Даскалот, кога се крстевме, главите ги држевме веднати, а откако дојде поп Доне, пред да се прекрстиме, требаше прво главата да ја навалиш убаво назад, убаво да го видиш таванот, демек небото и тогаш трите прсти да ги ставиш на челото и да речеш „Во имја Оца“ и потоа полека да ја враќаш главата назад што кога ќе речеш „Амин“ со трите прсти на срцето, главата да ти бидесвртена кон земјата ама малку накривната влево, пак кон срцето.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Стотици машки срца затреперија по срцето и раката на Рада, но нејзините мисли како аморови стрели беа упатени кон срцето на Томо.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Беше една вистина, која што почнуваше да чекори по земјата, веднаш штом ќе се објасни така, за да може да биде сфатена; таа вистина бараше пат кон срцата на луѓето и луѓето не можеа да не ѝ се приближуваат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ти знајш, - рече ставајќи ја дланката на градите, на таа страна кон срцето, - дека јас прво селото си го гледам. Власта, пак, мене ме гледа.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Ги завлече рацете в џеб и со мазно чело, како да го гледа в лице својот брат (еве, сепак не сум зрно песок и нема да ме избришат водите), зачекори кон срцето на градот.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Без такт, без рафинман, без пардон. И одново тие: Весели мечиња одат по улицата Под Липите, и гледај, се движат кон срцето на Берлин.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)