И самиот бев сведок дека таа безизрано го следеше она бесрамно трупање на многубројните детали сврзани со приказната од страна на Огнена.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
В ред, в ред, во создавањето на таа фама (дека Ѓурчин ми е татко) не треба да го минимизирам ни учеството на мајка ми, поточно начинот на кој таа се однесуваше кон тврдењето на Огнена Гулева.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Реков веќе, претпоставките на Огнена како да не ја допираа, а се однесуваа токму на мајка ми, на никој друг.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Дури останав со впечаток дека на мајка ми и се допаѓаа нагиздените тврдења што беа можеби и измислици на таа зла жена.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А кон тврдењето на Огнена што Даскалов се обидуваше да си го разјасни, ми се причини дека ја придодаде и претпоставката дека во најлош случај, во колку Ѓурчин лично и ги погазил принципите за кои толку многу се застапуваше, тој сепак не бил иницијаторот или единствениот виновник.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Помислив: се труди да го прикаже Ѓурчина недолжен дури и ако учествувал во овој настан. (Тоа најмногу ме изненади).
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Она што интенционалистичкото објаснување го смета за некохерентно, е Витгенштајновиот чекор од признавањето на конститутивното значење на овие факти кон тврдењето дека со тоа се исцрпени сите факти.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Според тоа, што се однесува до стекнувањето и манифестирањето на компетентноста во следењето на правилата, барањата на заедницата на чие фундаментално значење Витгенштајн инсистира, се задоволени.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)