Тогаш можел да се заколне дека никогаш веќе не ќе ѝ избега на топлината што го носела кон храмови на нечуени воздишки и непочувствувани допири.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пред Арсо Арнаутче се отворала со омајност златна и сина и сочна синоличка, и тој, од името на својата машкост што му била дадена од господа, можел само да се наведне под пролетна месечина и со жед на пустински камилар да срка пелур, потоа пијан од цветно вино да се закопа со чело во треви и да ѝ ги шепоти на земјата тајните на љубовта; во тој миг можел да биде уверен дека од земјата ќе шурне сребрена вода со чии капки светот ќе си ги излекува и очите и срцата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И Мајкината набожност, што ја изразуваше низ почитта кон светите книги на трите монотеистички религии, кон храмовите и славите на сите три вери, каде било и во кои било времиња на Балканот, прераснуваше во своевидна хуманост што можеше да се смета и како вистина и како религија.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)