Селанецот со кошницата во рацете му пристапи и го праша: - По вода ли си дошол, пријателе?
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Селанецот, со полупразна кошница, се упати кон центарот на градот.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Пред да завлезам во матицата на реката од луѓе, која требаше да ме однесе кон центрите на Париз, се впуштив малку во оние квартови и улички под „Сакр кер“, пак под „Монмартр, каде што се продава најевтино, само без етикетирање на она што ќе го купиш.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Карпите се тврди, водата е мокра, непотпрените предмети паѓаат кон центарот на Земјата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сега луѓето се собираа од двете страни на селото и тргаа кон центарот, кај големиот мост, каде што се и двете продавничиња.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Тоа што се случи потоа не беше Пере да стои со мене и да се чуди, туку речиси со трчање отиде кон центарот на Маказар.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Двајца гардисти се упатија кон центарот на градот.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
НЕДЕЛНО ПОПЛАДНЕ Задолжителниот патоказ води кон Центарот.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Во една таква расположба, недела две пред самата Нова година, Пелагија и Чана заминаа од долното предградие кон центарот на градот, не со умисла да купуваат за себе или за децата, туку да го поминат центарот, да го изодат плоштадот, да завлезат во уличките зад него, да ги признат фотографиите на новиот филм во кино Младина, да излезат на дрвеното мовче преку кое ќе стигнат до малечкото плоштадче пред театарот, и уште потаму, до онаа грозоморна зградурина под Калето што ја викаа Фестивална а беше начичкана со бегалци, со Егејци.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Но наместо, според расположението, да појде некаде каде што ќе биде сам, накај бавчите или накај реката, тој обратно, се сврте кон градот, по познатите улички што водеа кон центарот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Интересот на државата за дистрибутивна правда секогаш потешко добива легитимација - тоа е рецепта за изборен пораз.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Со изборот на пазар кој едновремено се движи кон центарот на самоконституцијата, социјалната интеграција и системската репродукција, пазарните стандарди тежнеат кон тоа да доминираат над моралната одговорност или да ја заменат, а една од последиците е губењето на одговорноста за оддалечениот странец - без оглед дали тој се јавува во ликот на денешните сиромаси или во идните генерации.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Откако го испивме грчкото кафе и водата што тука ја служат бесплатно, појдовме кон центарот на градот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Со најизбрани зборови му го пофаливме објектот и тргнавме кон центарот на Билишта.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Заедно со нашите Исмет и Марјета (подоцна Исмет ни кажа дека е полковник во пензија и дека воена академија завршил во Киев, дека по караницата меѓу Никита Хрушчов и Енвер Хоџа, бил отстранет од војската и пет години проживеал во логор), ја напуштаме улицата Ананстас Дурсаку и низ преминот што води кон центарот, врвиме по тесни сокачиња, мал остаток од стариот град.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тргна кон центарот на градот и по изминати сто и педесет метри забележа жена во црно како тромаво се движи по тротоарот. Ете, во неа ќе се заљубам.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Тргна кон центарот на градот каде кафеаните ги имаа окупирано тротоарите со поставени маси и столчиња.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
2. Io, Io!!! ова е окото Погледнете го ве молам раѓањето од ферментација на купишта скршени слики што никој не ги сфаќа сериозно погледнете го раѓањето ве молам Афродита (онака дрочна никогаш несилувана шуплива ко јалова школка а убава но морално подбивна) надоаѓа од периферијата кон центарот на овој неподвижен свет во ова време разјадено од премногу иронија да ни го расплаче мајчето да ни го згорчи лепчето и да нѐ подои со античка свежест Ова е окото Io, Io!!!
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Завчера броев, само на оваа улица што слегува кон центарот, пет семејства набројав.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)