Незнаеја каде да одат па тргнаа кон шумата.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Го стиснаа под мишки Секула, кој снеможено се држеше на нозете, и со брзи чекори се упатија кон шумата.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Сите дванаесетмиа, појдовме тајно, како ноќни разбојници кон шумата, бедни, убедени дека ќе избегаме од очите на Оној кој гледа и слуша сѐ.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Двајцата се упатија кон шумата, каде што беше на едно место собран многу жив свет.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Се слуша дека во летните квечерини од реката изнуркуваат летачки змии и отфрлајќи жарчиња во форма на крлушка од крап, се упатуваат кон шумите.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Му требаа само неколку мига да реши. Со некоја речиси натчовечка брзина почна да се искачува нагоре.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Погледна надолу кон шумата низ која што се искачуваа ваму, а потоа нагоре кон врвот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Затоа, по неколку утра од доаѓањето во Лесново, тој кришум одел по неа кон шумата на ридот не сфаќајќи зошто го прави тоа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Следел со згрчена утроба: далеку од трудните жени и од каква и било помош на жилавите дојденци, Фиданка Кукникова го живеела својот ден со загатлива насмевка на лицето.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
По нив остана само една црна крвава паласка во снегот и неколку расфрлани прамени волна, а уште еден раненик, кој не беше толку умен или кому му беше повредена токму таа жица од инстинктот да молчи, заминуваше со бесно и продорно аурликање кон шумата, насобирајќи ги по себе сите тие глади и раздразнувајќи ја уште повеќе со својата вкусна животворна крв стрвната сурија во сета нејзина безбожност.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Без скршнување, расцепувајќи ја целината на снегот во една права линија, самјакот ја имаше пренасечено долината, префрлувајќи се од шумата од едната страна на Белата Долина, кон шумата од другата страна, оставајќи ја по себе оваа длабока трага, во која можеа да се распознаат и стапалките на неговите копита, големи колку на јунче.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тогаш оддалеку го чу лаењето на другите кучиња, го пушти противникот и се стрчна кон шумата.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
И идат некои оси и некои стршни и некои пеперуги и коњски муви. Сѐ тргнало по нас, сѐ бега со нас, кон шумата. Ги оставаат седелата, дувлата, осарниците, дупките и сите идат по нас.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ајде, ајде - одиме, се искачуваме нагоре кон шумата. Ќе фаќаме ветар како Давидета Недолетниот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Ене ја, се крена, вика некој, летна кон шумата. И ние сите трчаме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
а душата ни лета кон Македонија, кон планината, кон шумата, како оди јагленот, уште шумата ми се гледа в очи, од некои повисоки дрвја не можам да клепнам со очиве, не можам да ги затворам, а и сонот ми беше лабав таму, во Америка,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Погледот ко глуварче ни лета кон шумата. Гледаме нагоре и трчаме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тогаш оддалеку го чу лаењето на другите кучиња, го пушти противникот и се стрча кон шумата.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ревејќи со волчи гласови, гардистите ги кренаа веслата, а Пишпирик и Барбут- бег се свртеа и се стрчаа кон шумата на четирите годишни времиња.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Погледнав кон шумата на четирите годишни времиња.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Наоколу куќи напред, сѐ бункер до бункер голем, и ги има десет барем, крај река на суво поле.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Дали ми поверуваа или не ме разбраа не знам. Самите завеслаа.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Тоа, веќе исплашено, му ги свитка шепите околу вратот и тргнаа кон шумата.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Кога помладиот војник исчезна во шумата, постариот се врати назад, излезе на патот за в град, погледна уште еднаш назад кон шумата и плукна бесно: „Пуф, со кого ќе крепиш фронт - кога и меѓу нас има такви...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
„Така...” ја фрли пушката и избега кон шумата.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Кога го изминаа селото, помладиот војник застана крај една патека што водеше кон шумата и му рече на постариот војник: „Јас не се враќам назад...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Да бев сама, немаше да излезам ни надвор од вратата, а камоли да се оддалечувам, ама покрај Дена се чувствував похрабра, возрасна и решителна, па ја фатив за рачето и право кон шумата.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Само до првите дрвја, си реков, и ќе се вратиме, навистина е страшно.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Мајка ми нѝ даде знак да бидеме тивки и се загледа внимателно кон шумата.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Шушкањето се повтори.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)