Тоа така ќе биде, само што во стварноста, и денес и подоцна, ќе стоиш тука, со опипливо тело и стварна глава, па, значи, и со челото, за да удираш со раката по него.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Загледана во џебот, почна да го кажува расказот: „Изгледа толку страшно да се остане стар ерген, да се остари во борбата за сочувување на достоинството додека молиш за прием кога сакаш да ја поминеш вечерта со луѓе, да бидеш болен и од аголот на својата постела со недели да ја гледаш празната соба, секогаш да велиш ‘добра ноќ’ пред излезната врата, никогаш да не брзаш по скалите со својата жена, во собата да имаш само споредни врати кои водат кон дневните соби на други луѓе, да мораш да им се воодушевуваш на туѓите деца не смеејќи да повторуваш: ‘Јас немам деца’, да го обликуваш својот изглед и однесувањето според еден или двајца стари ергени кои ги помниш од твојата младост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)