кон (предл.) - млечен (прид.)

Кон Млечниот пат!“ Младичот ја пружа раката.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Па види, се работи за наш познат нутриционист. Нутриционист! Г-нот Радосавлевски.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Демек, личноста О сака риба и има издржлив желудник, личноста А е роден вегетаријанец и треба да внимава да не го оптоварува варењето со масна храна, личноста Б е наклонет кон пикантни јадења, а АБ кон млечни производи.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
таму се и убиените Јане Крстин и Пеце Дановски, обајцата синооки и високи меѓу дрвја, загинале, биле закопани, станале да докажат дека никогаш не биле покосени од пушка: таму е и Круме Арсов со црвено брадиче и во светечка одежда, пиел крушова ракија и горел, се родил од пепел да нѐ најде и да ни каже со каква љубов човекот може да го освои светов, тој или Неделко Шијак, или обајцата со кренати раце кон млечниот поток на ѕвездите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
во долиштата до кои не стасала лакомоста на живите, го засилуваат листењето на оскорушите и дренките, и на оние сини цвеќиња над кои сеќавањето разбуцува топли спомени: но таму е проѕирен и лелеав Дмитар-Пејко со цут на жилата меѓу веѓите, стои во ѕвонеста кошула на младоженец и помлад е од некогашната своја младост, ќе се пресмета со чудовиштето што ни го претскажуваше патем:
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со оглед на пречките ( од црните кон млечните) при ваков рај, крај, бај и белина во целина - Црните вреќи беа диви и онака, воопшто тивки; во нив требаше да има сливи но сепак израснаа тикви наполно, наполно криви и никако црни наполно, безмилосно криви и за самите срни. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 147
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Срните станаа негови гости. Црните вреќи умираа во пцости.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Овој снег е прекрасен што ќе им прости.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)