Бидејќи се работи за автори што инаку по многу работи се разликуваат, дотолку поинтересно е како се сепак слични по интелектуалниот очај и пристрасниот презир кон популарната култура.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тие непосредно нè упатуваат кон популарните обувки на адолесцентите, ни помагаат да ја фокусираме фантазијата така што, благодарејќи му на сеприсутниот популарен елемент, ќе ја идентификуваме мрежата на означители: патиките на куклите им овозможуваат да значат во ова време, додека се стекнува впечаток дека за некое идно изложување би можеле да бидат и заменети.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Но, останува прашањето на патиките. Ако куклите ги замислиме без нив, навистина можеме да се согласиме дека глетката би делувала помалку „нездраво“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Бесот на Bloom е по свое разбирлив, бидејќи токму образованието спаѓа меѓу последните (последна?) неосвоени тврдини.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Раната критика ја нагласуваше пред сѐ улогата на популарната култура при зацврстувањето на општествениот статус qуо, а нејзините денешни обвинители и обвинителки се многу помалку попустливи.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)