кон (предл.) - широк (прид.)

Има постојано гости од Југославија. (Навистина, на патот имаше расфрлани отворени југословенски конзерви и празни кесички од „арго“ супи, па тоа ни беше уште една потврда дека овде летувале наши луше.) Од Катерини се спуштивме кон широката атинска магистрала и го забрзавме патувањето.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се споија небото и земјата во силен тресок, котвата беше крената, каравелата користејќи го здивот на воздишките со полни едра исплови кон широкото море на надежта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Јана го беше посеала погледот кон широката рамнина, барајќи ритче, рид каде ќе ѝ застане погледот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со чекор на слепец чиј инстинкт е недостижен, врел и смекнат од замор, дојдов до својата хотелска соба со избледени тапети и прозорци свртени кон широка и жива улица и се фрлив врз жолтата покривка на креветот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Волчи лик: две смрзнати црвени зеници косо спуштени кон широкиот корен на носот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Среќни двете за моментот на тотална слобода, радосно, со смеење и скоро со трчање се упатија кон Широк Сокак. Веќе беше квечерина.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Волчи лик: две смрзнати црвени зеници косо спуштени кон широкиот корен на носот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Патот е стар, сега проширен и под асфалт, ги памети времињата на турското владеење и тогаш беше, а и сега е пат кој ја држи врската Лерин – Корча и натаму сѐ до Драч и преку него по море до Италија и од таму кон широкиот свет.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Куќата имаше долга авлија која водеше кон широка бавча, опкружена со ѕидовите од соседните куќи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)