И можеа тие неколку дена, додека се искрадуваа, да ги гледаат пренатрупаните патишта со сиот имот на државата, беше како некој да ги имаше истресено, исфрлено, крај главните и други друмови, сите државни магацини, сите воени резерви, сите комори, заедно со нераспрегнатите коњи и сите други воени возила, запрени, или стркалани крај џадињата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Горе, крај главниот пат, некој човек по име Шабан Мемедовски, или Шане Менедовски, луѓето не беа сигурни за името, бизнисмен, што се вели, добил дозвола од некого од власта да направи рибник. Работата беше била напредната.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)