Со изопачено задоволство болката ги контролираше своите касања и оставаше доволно безболни површини, не се движеше од еден дел на телото кон друг, секогаш беше насочена кон пределот на слабините, меѓу колкот и долното ребро.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Волкот ја свитка опашката меѓу колковите и ја спрашти со едни ветерничави, троноги скокови надолу, сиот со некаква леснина на сенка, во онаа магличава сивина меѓу стеблата, одвлекувајќи си ја по себе и својата здробена нога, запната само за едно парче кожа и за некоја бела жила, што му се отфрлаше во трчањето, чиниш некој ненужен, прикачен дел.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)