Тоа е начин да се преживее, тие се сите тука свои на своето, тој е дојден и заглавен во туѓ град меѓу туѓи луѓе, во туѓа средина во која единствена смисла има да продолжи да ја држи функцијата, инаку е никој и ништо - се правдаше самиот пред себе си, а оној темен дел од желбите ќе се појавеше ненадејно од темните келари на неговата душа и ќе го потсетеше дека се лаже: „Не се прави наивен”, ќе се соочеше со себе си; неодамна самиот пред германските власти ја издејствува смената на Сабтај Салтиел, но и преземањето на неговата функција, стана и претседател на еврејската заедница на Солун.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Гарванов, според нив, требало да се откаже од мислата за ослободување и свечено да изјави пред Судот и пред присутните дека тој е член на ЦК на МРО, со што би извршил голема агитација меѓу туѓиот свет во полза на македонската кауза.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Границата меѓу туѓиот и личниот свет
бледнее.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Се почувствува побезбеден и што е најважно, се почувствува повторно важен.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Стоејќи на ридот под кој длабоко лежи бездната на Котелската Кула, ете, само се обидувам да си ја вообразам сликата за нив, но таа е бледа, далеку е од онаа вистинската во која војната беше дел од нивниот живот, од која едни останаа на вечна стража, други од неа излегоа осакатени, а трети го фатија неочекуваниот, но принуден егзил и голем број од нив засекогаш останаа во туѓи земји и меѓу туѓи народи...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)