Но тој беше на дванаесет години кога го одведоа и потурчија.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Поставката на дванаесетте внимателно избрани сцени на злосторство од страна на Гмелин ја толкува традицијата на вандализмот во уметноста како серија на редимејди лишени од спонтаност и радикалност.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Излагал на дванаесет групни и три самостојни изложби, од кои една третина во Европа, а една петтина на други континенти.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
„Копај повнатре, море Јован“, рече друг, „околу наоколу, околу наоколу, повнатре, зашто подоцна ќе се стесни“. „Ќе излезе на осум метри. Да се кладиме!“ „На дванаесет до тринаесет“, рече друг.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
„Обични крофни, без шеќер. Си помислив дека некому му збоктисале и ги донел. Затоа грабнав една и ја изедов. Беше бајата.“
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тие се раѓаа, растеа по сокаците, почнуваа да работат на дванаесет години, минуваа низ кус период на расцутена убавина и сексуална желба, се женеа на дваесет години, беа средовечни на триесет и умираа, најчесто на шеесетгодишна возраст.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И тој, земен на дванаесет години и потурчен, стана страв и трепет за султановите непријатели.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)