на (предл.) - обете (бр.)

Сите останати адети и почести кои не се наведени погоре, можат спонтано да се одржат, со взаемен договор на обете страни, доколку се согласни, земајќи ги во обзир тарифите предвидени за свадбените церемонии.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Поентата која би сакал да ја нагласам е дека во споредба со интенционалистичкото гледиште, експланаторната моќ на обете опции до извесен степен е намалена.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
В ред, ако постои голема желба и на обете страни, оној што те одминал можеш и да го престигнеш.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И тој како ѕидар учествуваше во развојот на овој предел, одејќи во чекор со најновите усовршувања и иновации во трговијата, употребувајќи најнови и различни материјали, менувајќи ги стиловите на куќите, што ги градеше, од стари конвенционални модели до најнови типови на ранчови, и подредените викендички кои сега се протегаа во бескрајни редици на обете страни од сообраќајната артерија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Засега е доволно да се каже дека на обете страни од поделбата хуманисти/научници има бројни недоразбирања во поглед на ова прашање (но и во поглед на други прашања).
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Така, тука, така, тука, на обете страни ме клука.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа се смешкаше мило на сликата, а црната коса ѝ паѓаше тешко на обете рамена.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А и на обете страни од границата беше загрозен патот на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Витгенштајновски кажано, секој таков говор не само што не објаснува ништо, туку во суштина создава философска збрка онаму кадешто не би требало да ја има; или пак има потреба од комплетна реинтерпретација во дескрипциите, кои потекнуваат од некоја трета личност, на усогласеноста на начините на кои се однесуваат членовите на една заедница.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)