А најубави од кејовите се оние во центарот, во просторот на осумте мостови и на дунавската ада Маргит-Сигет, која е претворена во прекрасен парк за одмор и рекреација, и на млади и на возрасни.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Од предната страна на зградата, на терасата што продолжуваше на осум столбови над реката, во големи земјени ќупови беа посадени леандри кои во првите зимски денови газдата Таки Ников ги собираше во стаклениот цвеќарник што беше придодаден на зградата од страната на Камениот мост.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
„Копај повнатре, море Јован“, рече друг, „околу наоколу, околу наоколу, повнатре, зашто подоцна ќе се стесни“. „Ќе излезе на осум метри. Да се кладиме!“ „На дванаесет до тринаесет“, рече друг.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Од тоа сликите се распарчија на ситни нејасни делови како искинато писмо развеано на осум страни.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
По една година од ова, со четвртата измена на ЗРО (2005), од октомври 2009, овие „мали прекршоци“ се зголемија од седум на осум (чл. 43, ЗИДЗРО/окт.09); • за прв пат, во 2005, воведена е и група од нови парични казни, кои се движат од 50.000 до 70.000 ден., за вкупно шест прекршоци кои се однесуваат на казнување на синдикат или на здружение на работодавачи (чл. 266, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Извесни подобрувања на положбата на работниците имаше во овие сегменти: полното работно време од 42 се скрати на 40 часа неделно; максималното траење на прекувремената работа de iure се скрати од десет на осум часа неделно и се утврди на 190 часа годишно; воведени се низа т.н. „антидискриминаторски одредби“; воведена е и општа забрана на ноќната работа за малолетните работници и за работниците над 57 години старост – за жени и над 59 години – за мажи, а беше предвидена и можноста, работниците на кои не им се исплатени плати и придонеси три месеци едноподруго – да иницираат (стечајна) постапка за престанок на правното лице во кое работат.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
а) Најповолните промени, но од гледна точка на работодавачите, беа донесени во 1995 година, кога сите предвидени казни за нив беа поделени во две категории: (1) казната за кршење на одредбите наброени во чл. 145 од ЗРО/93 – беше од 50 до 100 просечни плати; (2) за кршење на оние наброени во чл. 146 – изнесуваше од 40 до 90 плати: • со измените од 1995, казната за првата категорија беше намалена на осум до 18 плати, а за кршењето на втората категорија – на шест до 18 плати (чл. 6-7, ЗИДЗРО/95).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Ако работникот не може да се пронајде на адресата на престојувалиштето од кое дневно доаѓа на работа [освен во случаите на оправдано отсуство од работа] или нема трајно или времено престојувалиште во РМ или одбие врачување – отказот се објавува на огласната табла во седиштето на работодавачот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По изминувањето на осум работни дена од објавувањето на огласната табла се смета дека врачувањето е извршено (чл. 75, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)