Имате маестрална меморија на потеклото
(и шизмата ви е промислена!)
инстинктивна, интуитивна, прецизна
недвосмислено втисната во гените
мрестењето е обред на жигосување
стариот се вбризгува во новиот свет
на седумстотини метри
под морската површина, јасно е
- езерото не ви е доволно длабоко
ни за да се оплодите, ни за да умрете!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Охридското Езеро, извишено на седумстотини метри надморска височина, во подножјето на планината Галичица, се шири во едно од најидиличните опкружувања на Балканскиот Полуостров.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)