10. ТАМАЌАРОТ И НА БОЛВАТА УЗДА Ѝ КЛАВА - зар посакува, итриот, нивите да му ги оре, колата да му ја влече или, пак, да ја јава и со неа да скока во кас де долу, де горе...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
А наредниот ден, уште со темница, ќе се растрчаа по ридиштата низ шумата, во полето низ житјата, ливадите и бафчите, и ти цел ден има да си слушаш пукотници, ловџиски рогови, лавеж на `ртки и загари, а преквечер, пред зајдисонце, со полни ранци убиени диви животни и птици, преку рид се спуштаа кон старата железничка станица и оттука со воз си заминуваа, јали во Прилеп јали во Битола.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Презимето Мурџови беше доволно да ги потсети луѓето на една крупна старичка по име Петра која ги предупредила да не обрнуваат внимание на болвите што ќе ги сполазат оти не биле толку опасни како вошките па мораа да признаат дека побегнале на врат на нос без да си ја завршат работата.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Со џандари, со `ртки, со загари и со некои нашинци, лижнигазовци, оттаму, од Прилеп и од Битола, ќе клапнеа уште одвечер во населбата и ќе им заповедаа на редовниците да им приготват убави вечери - питулици, мазници, зелници, печени кокошки, пресни погачи, чомлеци и јании; откако ќе се накркаат, ќе се налокаат вино и ќе се акнеа да спијат во гостинските одаи, за таа цел, за нивното доаѓање, предвреме напрашени за од страна на болви, вошки и други инсекти.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)