Водата е име кое алхемичарите ѝ го дадоа на живата, елементот од prima materiae, како и Меркур, конечниот производ на вештината. Duchamp веќе го откривме во Меркур, така што идентификацијата Вода/Меркур уште еднаш го потврдува дублетот Du- champ/Посветеник.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
А тоа, отстојувањето на Имотот, во градежна смисла, сѐ до средните шеесетти години на нашиов век, кога се урна господарската живеалишна зграда, се должи покрај на отпорноста на градежниот материјал (камен, малтер од негасена вар и дабово дрво) и на вештината на градењето, уште и на итроста, грижливоста и жилавоста на неговите стопани, а потоа и на една, иако понижувачка, среќна историска околност.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
За посветените таа станала проѕирна, таа, поправо, ги открива очите на нивниот ум.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Алхемичарите ова го нарекувале rubedo, процес во кој доаѓа до консумирање на бракот помеѓу црвениот човек и белата жена, Сол и Луна.”
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Според тоа, со криптограмот L. H. O. O. Q. Duchamp опишал три нивои на настанот: се одвива coniunctio oppositorum (Сонцето/Ергенот се симнува доле да се соедини со Месечината/Невестата); coniunctio води кон засилена свест (за што сведочи засилувањето на топлината, „огнот долу“); бидејќи засилувањето на топлината, тогаш кога е успешно, исто така е одлика на третиот степен на вештина, ова инцестуозно соединување среќно успеало да ги спои Ергенот и Невестата во андрогиниот Посветеник, а тој факт пак, од своја страна, го објаснува доцртувањето на мустаќите и брадичката што ја комплетираат насмевката на Мона Лиза, која веќе не е толку загадочна.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Квадратурата на кругот е една од најчестите алегории за освојување на вештината. Basillius Walentinus, алхемичарот од 17 век, ги поврзува квадратот, кругот и креветот за да ја изрази следнава идеја: „Креветот на Мајката кој до скоро беше квадрат / Наскоро ќе стане Кружен.“
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во алхемиската традиција токму на свадбениот одар се извршува coniunctio oppositorum на парот Брат/Сестра (Крал и Кралица), и како таков тој му е сличен на алхемичарскиот сад во кој се слави свадбата меѓу Сонцето и Месечината.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)