Можеби восхитот наш ги исплаши тие сини бои во прелевање што бегајќи од кафезот на восхитот залутаа еве ненадејно во примката на зборовите да говорат за убавината на летот и за осамата на мирувањето.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Украс на планинана, накит ставен врз сината витрина, со посебна намена да ја украсува, со што би се предизвикало чувтсво на восхит, со што би се доживела глетката.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Страв и восхит
Претпоставка:
Македонскиот крал
премногу го сакал светот
и премногу можел
и премногу претчувствувал
немал време, хронично немал
но сепак доволно
за да ги поремети
дозите предвидени за рамнотежа
на Просторот, и самиот
без смисла за умереност
- хармонијата е нешто друго, сосема
само предозирана волја, отровен концентрат
само неповторлив порив, рев по далечното
- туѓината како вечно искушение!
само силна страст по странствување
per se, дури и во јазикот
само вродена дарба
да и’ се тутне на смртта
грациозно, пагански
под здолништето
додека Оваа си игра
божем случајно
криенка-миженка
митска мижитатара
само сензибилитет за походи
општа хиперсензибилност
- просто да се спростре
врз далечниот Исток
ко полна месечина на полноќ
- просто да го освои светот
како туѓа жена
со чувство на нелагодност
а забраната стимулира
срна истрчува на пусија
во заседа, балканско дувло
империјална глутница
избришани, заташкани траги
имагинарно писмо
толку голема моќ
што се втиснала во потсвеста
за век-и-веков
жиг на восхит и страв
од повторување
од повторување
на судбината...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
- Ќерка на пустината, - некако со нотка на восхит вели Арсо.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Куќите расфрлани насекаде без ред, односно беа изградени таму каде што се нашло малку рамно земјиште, низ удолнините и угорнините, но како целина селото со големите камени куќи беше глетка што при секое доаѓање во него ти предизвикува неповторливи чувства на восхит, убавина, исполнетост...
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)