Всушност, едниот брат рано заминал во Америка и никогаш се вратил, другиот го отруле во Кавадарци, зашто не сакал да ја даде мајка ми за некој кафеанџија, па во неговата кафеана, божем на грешка, го отруле и умрел во болница во Скопје.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Тогај кога зборува за својата Македонија, Никола Кирков го соопштува настанот низ една суптилна критичка нота а со цел да не затапи рефлексот и општествениот коректив онде каде што се покажува како неопходно одмавнувањето на грешката, каде што се покажува како неопходно отколонувањето на причините кои можат да доведат до мултиплицирање на проблемот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Администрациите на Реган и Буш гледаа на сите вакви активности како на грешка која беше делумно резултат на либералните Воренови и Бургерови судови.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Се присети дека со женската интуиција лесно ги насети опасностите и стапиците и се обиде да му укаже на пропустите и на грешките. Залудно.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Оној кој искушува
на грешка тера
напредок заговара
унакажува, опседнува
видлив и невидлив
создава ли од ништо нешто
страхува ли од пресекот
на светот, крстителот?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Не беше ли точно дека почна да стреми кон екстравагантен живот што го одвојуваше од мноштвото на неговото скромно и сиромашно стадо?
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Почнаа да ја учат и турски, смеејќи ѝ се до загрцнување на грешките што ги правеше.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)