Главниот збор го држат во тие расправи Соколе и Боце; Соколе како поучен, а Боце по својата природна склоност да противречи, потсилена уште од улогата на домаќин.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Дури тогаш домаќинот го позна и радосно извика: - Ти ли си, бре Гоце? - Јас, ами кој? - му одговори Гоце.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Настапи долго молчење. На домаќинот му изгледаше како лицето на трговецот да го беше видел негде. Но каде?
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Бакшишот од 50 франка, вели спикерот, што насила му ги втурнале во рацете на најмалиот син на домаќинот, им бил вратен со подароци од разни домашни ракотворби.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Гарнетата посилно писна, вратните жили на свирачите пак се напнаа - сите со пеење ја подзедоа песната, саканата песна на домаќинот: „Свири, свири Караѓуле, Свири, свири едно чамче, Да поигра ќира Фанче, Ќира Фанче охриѓанче...“
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
На вратата на салонот, која веројатно не беше правена по димензиите на домаќините, се појави стасит силен маж.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Режисерот, врз елементите на понуденото „сценарио“ на домаќините, односно посета со цел да се избере драма за Албанската драма во Скопје, по повод 100 – годишнината од раѓањето на Сталин од театарскиот репертоар на Албанија, имаше посебно место во делегацијата, но на тоа не обрнуваше посебно внимание.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Мацко доста време мјаукаше во непознатата куќа, и, кога им досади на домаќините, му ја отворија вратата.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Бојана накратко му објасни на домаќинот, гардискиот ветеран со долга бела коса и брада дека мора да преспијат во неговата куќа и дека гардата им е зад петици.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Овој, еден од најубавите народни обреди, дружината го играше на сцената одлично; сите беа искусни и се гледаше дека точно го знаат и го разбираат секој симболички детаљ; гатачот потем говореше: „Оддалеку идиме, надалеку одиме, на кораб се возиме, со стапој се крепиме, коработ се скина, на домаќинот газот му зина“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Жителите рисјани на селото Долнец, Б-ска каза, имаат дадено молба да им биде дозволено да изградат црква на местото на старата мала црква која од старост се уривала, а била некогаш градена на имотите на домаќините Тодор Цане и Спире Угрин, долга 24, широка 16 и висока 10 аршини.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
На челниот дел од куќата, под стреата: срце, прстен, токосани раце, ангелче, венче, и во нив: почетните букви од името и презимето на домаќинот и годината на градењето; балкони: украсени со елементи од железо или ламарина во форма на триаголник, четириаголник, ромб, ромбоид, круг, трапез или со гипсени елементи во вид на амфори, во вид на подлактени раце или сосем едноставни со парапети кои завршуваат со коритца за цвеќиња; чардаци: долги колку што е долга и куќата, со пармаци, со плотици од костен, од даб, од јасика; на чардаците испуштени башлаци над кои висат мали куличиња низ кои може незабележено да се ѕирне во дворот, на патот, или во време на војни и арамилак, да се протне цевка од пушка и да се направи пусија; покриви: со рамни или со стрмни стреи, со испуштени чакми и кучиња, со поткренати маи како крилја од птица, со издолжени предни страни како козирка од капи, или прекинати со предниот ѕид што се крева нагоре за да го затскрие покривот; вратите: со една, со две поли, обични или со нутифедер, со украсни бордури на секоја пола, со надвратни прозорчиња застаклени или опшиени со мрежа за заштита од секакво гадурии; на вратите жапка или шуличе што се отвора со стап кој постојано е врзан на вратата, ѕвонец што ќе чукне потивко или посилно, резе со катинар или брава донесена којзнае од каде; прозорците: широки, европски, или пак тесни со по неколку крила доближени едно до друго за што подобро да ги осветлат просториите; оние што се на долниот кат и низ кои може да се ѕирне, заштитени се со железни прачки извиткани во разни форми; кај што нема железни пречки - дрвени капаци испукани од сонце и дожд, но кои ноќно време убаво ја затвораат куќата како дланки склопени на очи или како мравкини дупки.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Од неговата прикаска исто така можеше ноќе вжештено да се размислува за светците и грешниците на минатото и за темните вртежи околу нив, за времето во кое, повеќе од кога и да било, смртта и стравот од смртта господареле и над билје и над луѓе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но бегот ја зграпчи за плетенките и ѝ ја искриви главата. Диво гледаше во младото лице.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пушката што ја држеше само со десната рака со напорно стискање на мишката беше со темниот врв допрена до разграштените гради на домаќинот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Како да бев во една од куќите на Кукулино: од огниште на кое виси поцрнет котел се шири црвеникава топлина, удира во луѓето и им ги брише од лицата грижите и годините: светлоста се мрешка по земјениот под, мислиш вода е над кој минува здив на ветар: чкрта стара маса на долги нозе, на неа е дрвена карта со ракија, зад луѓето плашливо трепка око на кандило и потсетува на заборавена ѕвезда под проѕирни партали на пајажина: топло е, животот е далеку од светот на домаќините и гостите, обесената низа лук на ѕидот брани од урокливите очи на темницата зад прозорците. ...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Свекрвата мене да ме брка, кај моите да ме враќа по толку години алајка и робинка што сум била во куќата на домаќинот мој! Кај се чуло и кај се видело?
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Нејзиното брмчење му пречи на домаќинот (но тој и така не е дома).
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)