Затоа тој одамна беше му натратил на игуменот од Чебрен — поп Трпета, ако падне некој женски шеј бездруго да му го причува, и уште една две оки масло напред остави како капар.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кога се смирија и кога легнаа да спијат, отец Иларион му рече на игуменот: - Можеби од сугестија... Чумата ги исплаши...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Тој ибн Бајко, цврст и полничок, ама и сплескан како некој тежок туч уште од малена да го приземјил, малечок и нагнетен како колбас од потонот на игуменот, куцкаше од тој пусти туч секогаш со главата надесно, а со телото налево, зашто колкот му беше начнат.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Истиот час ибн Бајко ја виде сликата на игуменот од Свети Ѓорѓија-Горг како си го става петрахилот, зема жарче за темјанот и се готви да го испее и да го искади детето што му го беа донеле. Тоа дете како да беше самиот тој.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Му рече Бајко на игуменот:
„Ние сме меропси од царската пронија во Струмичко, село Градец.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
„Ако некој му го забрани ова право на игуменот“, рече тивко игуменот, гледајќи го под око овој дрзник, „Свети Ѓоргија да му е осветник, разбра?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Писателот вели: „... На дебел пергаментски лист кнезот со руско средновековно писмо ја напиша реченицата: ‘Смирениот игумен Пафнутиј си ја приложи раката’. 102 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
- Тоа е, - објаснуваше кнезот со огромно задоволство и одушевување, - тоа е личниот потпис на игуменот Пафнутиј според отпечаток од четиринаесетти век...
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во тој бој загинал дедо му на Првославец и паднале жртви десетина од карванот, маскари и борци на тогашниот скопски бег Муследин.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Од арамиите се спасил само еден. Отишол во некој манастир и, за спас на душата, братски му оставил на игуменот торба злато, да го топат и да леат олтарски двери на кој ќе може да се види историјата на светот...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)