Штом ќе излезела од храмот променета, просветлена и ведра, благословена од Бога, почнувала со секојдневното сновење: од чистењето на храмот и на иконите до спаструвањето на пилињата и на кутрињата, од тимарењето на кравите и на телињата, до последното скалило на камбанаријата итн., и тоа со ред, со усул, без тегоба, без жалба, без замор.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Со стемнувањето, низ пукнатината на иконата се спровре во чад еден од последните покојници.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Можеби самиот измислуваше. Но тој сето тоа го виде низ цепотината на иконата, брзо, во миг, и се исплаши, ја стисна иконата врз гради, падна на коленици.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Лежеше ли од онаа страна на иконата тајна?
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Во сајберсветот ќе се натпреваруваш, ќе имаш љубовни врски, размени, шаховски игри, разговори, истражувачки проекти, ќе скијаш на кој рид сакаш, со сите оние прекрасни луѓе, и секој сѐ повеќе и повеќе ќе комуницира со помош на тој глобален јазик на икони. okno.mk | Margina #17-18 [1995] 89
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Потајно верував дека на иконата во ќошот на нашата спална не е светецот Никола туку чичко ми премаскиран во светец и со залепена брада.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Дотогаш, почитувај ја и поклонувај ѝ се. Како на икона.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Помислија дека е тој што ги става тие пари на иконата во црквата, а ги зема од неа важечките пари.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Додека попот штракаше со кадилницата над ковчегот од Мил и му читаше молитва, слепата Донка рошна по џебовите и извади една книжна пара за да ја стави на иконата на Св. Богородица; парата ја жулкаше со рацете, ја меткаше, постоја малку со неа в рака како да се двоуми, а потоа ја стави на иконата; алкајќи со прстите, ги собра ситните железни пари што ги имаше на иконата ги стави в џеб.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)