на (предл.) - испит (имн.)

Пискулиев наоѓа извесно задоволство во оваа примена на своите знаења, зашто тој е свесен и за една основна слабост своја како специјалист, што толку му се одмаздувала на испитите: тој ги памети многу добро сплетканите латински имиња, а не може да каже нешто сосем просто, не може да мине кон примената.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Еве сега е јуни, гимназијата се распушта, а јас треба да одам в Белград на испити.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кога влегов на испитот истиот тој ден, колешката што ми ги бараше книгите се бутна да одговара пред мене. Ми го зема редот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Рада по две недели се прибра дома. Расположена и ведра пред сѐ заради успешното расчистување на испитите во првата година.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Личеше на студент седнат на испит, но зборувањето му беше сосема различно: течно и сигурно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Младоста ги става на испит твоите физички и умствени способности.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Дека успивањето не е само причина за фалење и за неконвенционално однесување во социјалната средина, зборува примерот со брилијантниот студент по медицина од Британија кој се успал на испитот по Физиологија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ете, одберете си сами наслов на делото што, во името на народот, како пресуда ќе го добие во институција која живее од таквите, „понављачи“ на испитот: „издржи до крај, или до смрт“ и како срамен крст ќе го понесе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Така што, на испитите пред менторот и комисијата, Миха мораше многу да внимава и максимално да се совладува кога одговараше на прашањата од старата школа да не му се провлекуваат и одговори од новата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во виенското списание Transit некогашниот славен полски дисидент Адам Михник во текстот со наслов Во сенката на Сократ пишува за националниот идентитет во модерното општество и ова го заклучува за денешната улога на интелектуалецот: „Држењето до вистината и воедно следењето на барањето сѐ околу себе да се анализира и секоја идеја на моќниците на овој свет да се изложи на испит - таквиот став за интелектуалецот значи: го прифаќаш тоа дека ќе станеш објект на навреди; мораш да сметаш со тоа дека луѓето за тебе ќе шират злобни гласини - дека ја презираш сопствената земја и ги предаваш националните вредности.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во согласност со потребите на образованието, дошколувањето или оспособувањето на работниците работодавачот има право работникот да го упати на образование, дошколување или оспособување, а работникот има право и сам да се пријави. (чл. 154, ст.4 и ст.2 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работникот кој се образува, дошколува или оспособува во согласност со ЗРО, како и работникот кој се образува, дошколува или оспособува од сопствен интерес, има право на платено отсуство од работа заради полагање на испити (чл. 155, ст.1 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)