Ми треба некоја пара за мастраф на куќата; нема од друго место од каде да се фати – им велеше Даут на колегите и ги фалеше воловите: – Не се волови – ангели, што ги викаат каурите.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
_ * Игра започната една есенска ноќ на студентската мансарда, продолжена 10-тина години Подоцна на бирото на колегата загинат во сообраќајка.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
- Не чудете се. Росана веќе третпат проверува дали сте дојдени, - ми се пристори дека ја слушнав ироничната забелешка на колегата Вртанов.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Прво зборуваа воздржано за премиерата, небаре од гледиште на гледалиштето; потоа поминаа на пофалби за работата на режисерот како негово дебѝ, па на комплименти и признанија за улогите на колегите во одделните сцени, за на крај да завршат со бесрамно откриени самопофалби што кулминираа повеќе со дерење одошто со пеење, поправо со разногласје колку грло ги држи.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Знаеш ли“, рече обраќајќи му се на колегата, „дека досега никој од нас не го ни допрел, а не, пак, некому да му скокне во скутот...
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)