Тоа лето нѐ одведоа на летување на море; бев малокрвен со проѕирни уши, без апетит. Нѐ острижаа до глава: прилегавме на големи лилјаци.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Работи кои губат на значење, со тек на време дали твоите планирале да се родиш; што си имал географија во петто; дали некој е малку постар или малку помлад од тебе; кај си го загубил црното зимско капче; од која страна на креветот спиеш; каде си бил на летовање 1976; породилните болки; кому си му ја позајмил „Бесмртност“ од Кундера откако повторно си ја купил; ланскиот снег; сè што си заборавил, затоа што сигурно имало зошто; прашањето што би било кога би било и, повторно, дали сево ова има некаква смисла?
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Ќе се сретнеме ние уште еднаш, на кампување, на летување, на некое егзотично место, или во Трпејца.....
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Се случуваше некое од овие деца да замине на летување во некое летувалиште на Црвениот крст, а зад тоа стоеше секогаш Мајка, дискретно криејќи ја својата добрина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Го испратија Зоки на летување, сам. Не ќе верувате? Зошто не!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Го испратија заедно со другите деца од улицата, во една голема група што одеше на летување на езеро.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Кога дојде училишниот распуст, Милчо замина на летување со своите другарчиња од училиштето.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Заедно одеа на скијање за време на полугодишниот распуст, заедно одеа на летување за време на летниот распуст.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Нина длабоко се издиша, лицето ѝ стана сериозно: „Драги еколози, најнапред се извинуваме дека доцна ви одговараме, попречија новогодишните, па и божиќните празници, па зимскиот распуст, па дури после одржавме состанок, со задоволство ја прифаќаме соработката, со желба да се посетуваме, вие доаѓајте кај нас во Струга на летување и знаете колку сме гостољубиви.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
А и да се пофали некој меѓу вас дека бил на летување во тоа и тоа село, тоа „не пали“, не предизвикува таков восхит кај слушателот како ако се рече дека некој бил на Родос, Крф, Палма де Мајорка!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Сакав да го прашам дедо ми Баџак што се случува, како дошле тука и од каде дошле, ама не можев глас од себе да пуштам, толку бев вчудовиден од тоа што го гледам. од некаде се појави и моето куче Синга што јас и Мите летово го најдовме на улица и пред да одам на летување му го дадов на дедо Баџак да го чува во дворот, зашто онакво малечко, какво што беше, сигурно ќе умреше од глад.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Ја праќаме ли со другарчиња на летување? Не.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Пред тоа бевме на летување, па јас бев на две долги службени патувања, па...
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Вам ви лета зашто ви е убаво кога патувате, прашајте нѐ нас како ни е - си мислев, растажувајќи се над себеси, а нему му префрлив: - Постојано само одите низ светот, а нас нѐ носите на летување.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Леле, ама давиш, ќе ме умреш со таа Хармонија – се налути Саше – ти нормална си или не? Јас одам на летување, а не на учење.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Не беа како обични наставници што те водат на летување, туку како другари, повозрасни другари кои знаат што сакаат децата и знаат како тоа да им го овозможат.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Прекрасни петнаесет дена! Дома како дома: свој кревет, своја соба, сѐ на свое место, не попусто се вели, секаде е убаво, ама како дома- никаде. Најубаво е дома.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
А мојот прстен што ѝ го купив од Охрид кога бев на летување?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Нормална сум и тоа како – го повиши гласот тетка ми – ти многу добро знаеш зошто го зборувам ова.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Не знам како ќе ве пуштиме сами на летување штом сте такви. Којзнае каква беља може да направите. Довербата ја прокоцкавте – строго ни се обрати на двете.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Оти, тоа што тој го имаше напишано беше многу слично на една моја стара разгледница што јас им ја имав лани пратено дома, кога бев на летување со школо.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Другите деца си купуваа за себе по охридските тезги на отворено. Што не имаше по нив!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ние молчевме. Снеже под око ме погледнуваше одвреме-навреме и ми даваше скришни знаци да молчам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
И за да се уверам, ја пронајдов во фиоките каде што сѐ си чувам за спомен.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
И никаде да не мрднува. И никогаш!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Плачевме по пат во автобусот на враќање, толку многу ни беше убаво на летување што никому не му се враќаше.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Јас таква боја добивам само кога сум на летување и откако ќе се печам на плажа повеќе денови, а на Игбал тоа очигледно му беше неговата природна боја.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Оние Меги и Душко од Студио „Пинокио”, приватното школо за англиски, се сјајни.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Па, кога вам ќе ви текне – со мајка ви, а кога ви се игра, кога ви се гледа телевизија, кога ви се оди со деца на летување, тогаш нека седи мајка ви дома и нека ве чека.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)