Кога Рабле и Волтер сакале да ѝ се потсмеат на војната, тие ги измислиле, првиот историјата на пикрошолската војна, а вториот војната на Кандид, но ниту во едниот, ниту во другиот случај, не можат да се земат за толку сериозни сцените на масакрите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Оваа војна ќе го предизвика зајакнувањето на веќе започнатиот турски национализам, предизвикувајќи депортации, односно чистење, подоцна и етнички, кои понекогаш имаа димензии на масакри на населенија.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Во мигот ништо не одговори, но синтагмата под нож, часум го пренесе во скоро изминатото време на масакрот на невините кози, во името на брзиот прогрес кој треба да го донесат козарите лишени од нивните кутри кози, како работничка класа; на затворениот пат на јагулите од Езерото, на пат кон Средоземното Море и Атлантскиот Океан; и на сите други забрани од тие времиња.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Пред да го оставиш бакшишот, оддаваш едноминутна почит (уместо панихида) за жртвите на масакрот...
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)