Нејзините очи, со вчудовиденост и неверување, ја видоа ненадејната трансформација на мачорот, од пријателски и нежен љубимец во неприпитомен ѕвер.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ќе ја лапне, си помисли Цивко, и во мигот со сите сили се стрча и му ја прегриза опашката на Мачорот.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Зениците на мачорот се проширија, а неговите жолтозелени очи зачудувачки зјапаа во четирите раскрвавени и откинати шии на пилињата, што беа крај мрежата на кокошарникот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Зениците му се збираат како на мачор.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
- На мачорот му викам. Нема врапче, - ѝ објасни Мишко.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Трајко не остана поназад, ама и на Миша ѝ светнаа очките како на мачор в темница.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Држењето на мачорот беше блага љубопитност што се граничеше со незаинтересираност, но кога, по една минута, или приближно толку, глушецот не мрдна, неговата предна десна шепа се спружи и нежно го поттурна суштеството.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)