Таа единствена реченица, веројатно единствена и во вистинската смисла, излезена од неговото перо, беше достаточна да му придаде во моите очи на својот автор ореол на мислител.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Во свеста ми шетаат тираните од страниците на есејот на Сјоран, неговиот горчлив и рационален песимизам, можеби произлезен од балканскиот трагизам, длабоко потиснат во неговата свест.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ми се наложуваат нови прашања за кои мислителот има одговори: А народот? Каква е неговата улога во историјата? Дали тој ги слави и создава тираните? Каква е улогата на мислителите или историчарите?
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)