Нека читателот, сепак, не се залажува од ведрината која се добива од читањето на ова дело: ако алегоријата, претставена од еден од најоригиналните и најзначајни писатели на современата литература во Македонија, мошне богата но често непозната на Запад, претставува според повеќе обележја силна лекција на надеж, ова дело сепак не постои само како трагичен сказ, како рефлексија преточена низ мали импресионистички допири како на клавијатура, но опстанува со својата голема длабочина наспроти опасната суета на идеологиите кои сакаат да направат еден нов човек, низ спасувачко посредство помеѓу непостојаноста на феномените, генерално, и, посебно на посебната нестабилност која владее на Балканот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ќе се доодува ридот? Па, добро, нека крцкаат колената, препнати нагоре, како гранки суварки, запнати во служба на надежта.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Љубовта е чин на надежта и оној кој не верува - практично не љуби.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Долгата линија на надежта при исчекувањето ја испресекуваше стравот кој ме будеше секое утро, стравот кој не спиеше и ме мачеше и во сонот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Јас му верував на Рајнер дека ќе се врати, но стравував дека очајот може да го фрли во непостоење од кое не ќе може да го исполни ветувањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Долната вилица му се тресела пред тоа, ја слушале ѕвечавата приказна на здравите катници и веќе без збор на надеж, рисјанско сочувство на утеха, па макар и лажна, бегале од лепливоста на неговото грлено штукање.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Жените навистина стоеле пред големиот миг на надежта да ги врзат мажите за постела.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пред тоа минувале еден по друг крај старчето спружено на веленце врз сено на разнишан колесник со две тркала, сите со поглед кон ситното лице до очи завиткано во шамија под која, кога ќе ја поткренел ветар, се појавувала врз расечената жила на челото мала темна месечина со капка крв без вистинска боја.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не се крстеле - ќе ја скршат тврдоглавоста на човечето во стуткана мантија и ќе ја омажат осаменицата, Доце Срменков не се стопил во капка восок за да не може да ја обогати со рожба.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Стоеше пред својата капија со измешани чувства на надежта и неизвесноста.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Се споија небото и земјата во силен тресок, котвата беше крената, каравелата користејќи го здивот на воздишките со полни едра исплови кон широкото море на надежта.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Веруваше дека вредеше да се верува во балканската комплексност во која се криеја знаците на надежта.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Изложени на ветер и дожд тие гордо остануваат крај нивните кутии исполнети со мистериите на духот, како безброј Пандорини кутии, на чии дна се крие катарзата на надежта во животот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Неговата поезија трага по светлината на надежта. Таа може да ги размести кандилцата во мракот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Кога Махмуд Дарвиш ќе пее од затворот со голема носталгија за топлото лепче и кафето од рацете на својата мајка, тој го изразува големиот трагизам на својот егзил.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Човештвото се одржува благодарение на надежта дека пред него постои блескава иднина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Зарем не е речено дека земјата вистински се открива кога ќе се загуби!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ками ќе рече дека не може во музеј да се најде смислата на надежта.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Како да беше на брегот на своето молитвено место, а Езерото, нејзиниот храм на надежта, некаква божја сила во која веруваше само таа дека еден ден ќе ги стаса своите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Таквата состојба ќе ги предизвикува неговиот илузии дека излезот од лавиринтот ќе го најде доколку напредува, но напредувањето всушност ќе ги предизвикува парадоксите на историјата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И оди тој И сега чекорот негов ги гази трњето патот на сонцето што го замрачува Пат од бигорот на осамата до осамата на зборот светот што го мисли и плоди И тие што чекаат среде гороцвеќе и птици Гласот му го препознаваат веќе што огрева во песната на неменливата радост Чекори и не се обѕира тој Сам да се биде и пак со сите истата ѕвезда на надежта што ги води По зорницата тој оди во несоницата на песната што наближува
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Се к`ти сивата карпа на затворениот говор на времето Се дени и песната што да се роди ја навестува заради која отаде ѕидот се оди на невозможното постоење За одење е време На надеж миг со славејот в грло што сака да проговори таму слушнат каде ќе биде од тие со насмевката лицето што им го огрева Најпосле
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
19. Велес, колцето негово Во домот на Рацин А еден ден во нејасата измаглина се подадоа неговите раце од пресушената грутка од изронетата во заборавената темнина Дамнешни кристали растурени по почвата земна Линии складни во воздухот ги обновуваа некогашните форми дури се будеше мемлата од тркалото Со нив почнуваше земјата да се врти околу зборовите изречени во невреме И пладнето повторно ја воспеваше глината што се раѓа во неговите дланки и сите крикови несекнати и дални и кликот небесен и сончевиот оган нараснуваа во благото тесто на ломната материја на надежта Израстуваше од неа зборот во светла преобразба Зрачниот хоризонт пак над чардаците ги прибираше помнењето и смртта со затрчаноста на водите и времето
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
17. Сега е само зборот негов дом и дом на секој на помнежот што му се радува Не беше тоа патот што води од ништото во ништо Трепетот на крвта се провира под божилото на светлиот лак кон пределите идни на биднината Го изоде тој патот на правот ѕвезден свој расеан во темнината Очите негови гледаат и болот отаде штама и болот како во огледало ликот што му го враќа со невените на надежта Среде нив зората таа убавата посестрима во прегработ го пречекува на недоречените зборови И тој провирање меѓу ридја и луњи низ градини пробудени и вирови на пронајдениот збор станува онаа светлина што го пројаснува мракот и ја открива прелагата темна на смртта Зборот е сега негов дом Дом е на светот низ кого песната оди и раскражува за муграта и виделото што виши со помнежот над ништото
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
18. Времето се грижи за зборот зборот што го обновува Тој што му длабеше во корењето го гради доградува и виши во куќата на светот Вербата штира не е Ни неверен е зборот Убавината да му се верува на надежта е врсник И онаа земја иловица густа раката што му ја памети се врти врти и понатаму во лика нова нудејќи ја светлината нова на говорот ризата небесна нитките што ја ткаат на несвенатиот збор И уште и натаму сега од пределите на глината над запомнатата стреа продолжува тој кон муграта да гледа со стрептеж незгаснат за повтежот на говорот да го досегне реченото
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Се спуштаат тие по трње низ гранки камењари со товарот тежок на зграгореното време по сенката дур им се влечат со чекор премален и сончевото пладне и дождот на неверната пролет Патот негов е долг со пробудените гори во згаснатите очи низ мракот устремени кон солзите на таа што пазувата за навек му ја дари Се враќа сега поетот од домот негов пресен кон старата стреа на ридот во забрзаните води ликата што му ја бара и сенката сал му ја помни И на тој дален пат го придружуваат сите со замолкнатата песна што не знае да молчи и што кон биднината сонувана го води Недооден пат на тагата Воздишката на пролетта го следи кон хоризонтот на незгасливиот збор Се развева тој во замав нов како семе упатено кон отворените предели на надежта Враќање сега е тоа по свршената работа на смртта во часот глув Попусто на ништото таа песната да му ја предаде сака со процесијата тажна на прагот на муграта што огрева
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
А за нас, децата, границата, всушност, и не постоеше, неа ја чувствуваа силно Мајка и Татко држејќи ги нашите животи во нивната заедничка прегратка, во прегратката на надежта дека ќе ја минеме границата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Големите мисионери успеваа да изделат мали оази на надежта.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ние сме сон на тревите со корен на мисла дива, Отмена растителка на надежта во топлата ложа.
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Нејзиното се знае. Ќе самее до крај, крај Езерото, во пригушен довик на сите свои заминати, престорена во жив светилник на надежта на заминатите...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
И неговата Игра добиваше нешто детски наивно, чедно, она што критичарите подоцна го означија како „обнова“, како „светла искра на надежта“, но што тогаш беше разгласено за старечка инфантилност.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Во зелениот бескрај ретко кој еднаш прелаган од млазовите на надежта го фали Бога туку така, без задршка.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)