Бидејќи по природа комуникативен, натпросечно за својата средина, на Миха му беа малку контактите со домашните, со колегите, пациентите и студентите, па бараше соговорници во театарските бифиња, во Клубот на писателите и Клубот на новинарите, одбегнувајќи го сѐ повеќе Клубот на пратениците, но затоа пак не му беше зазорно да наврати во некое маалско кафуле.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Метју С. Шварц, студент на Универзитетот на Мичиген и неколкугодишен главен уредник на Мичиген ривју, наредниот месец во еден напис во МР срамежливо обелодени дека „еден конзервативен весник од УМ му дојавил на новинар од Нешнал ривју“ за оваа нова сторија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)