на (предл.) - отворање (имн.)

Сакав да те одведам на море, ти ветив колиба на планина, а наместо тоа, те поканувам на отворањето на мојата изложба – домашна, самостојна, Новогодишна, во мојата соба за скијање натапкана со конфети, памук и со снег на екранот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Притоа мора да се внимава на многу нешта, на пример, на длабочината на вербата, на доживувањето и кажувањето на стиховите, на тие звучни синџирчиња, на тие проѕирни вирчиња, треба да се внимава на редоследот на вокалите, акцентите, паузите, на отворањето на устата, на положбата на главата и ставата при рецитирањето, итн.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Членовите на британскиот музички состав, „Кошин“, за да настапат на отворањето на музички фестивал во Бања Лука, побарале од организаторот за време ручекот да им се сервира топла супа во која нема да мрда, ама јасно ќе се гледала опашка од вол, а питата што требала да има централно место на трпезата, морала да биде свинска.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
На отворањето од вратата Луков отскокнува и го управува револверот кон вратата. Методи застанува.) Сам ли си?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Говор, патетичен како по урнек, како на отворањето на собирот...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Претседателот врши смотра на оклопната единица.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Недоносената“ кула е обвиена во сивило, на неа има обесено долги знамиња што се виорат на сонцето, денес е денот на отворањето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Со денот на отворање на стечајната постапка престануваат и договорите со кои се уредуваат односите меѓу друштвото со извршните членови на одборот на директори, членовите на управниот одбор, односно управителите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ова значи дека вонсудската постапка станува примарна, а судската – секундарна!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Арбитерот донесува решение [а не пресуда] за предметот на спорот, во рок од 30 дена од денот на отворањето на расправата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)