Искри секаа на сите страни околу мене, се искреа низ дамарите на крвта, месечеа попреку, однапред, секаде, на парчиња месечеа... убивајќи ми ја надежта!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Па и онаа драма на тоа дете, доживеана на парчето лединка на почетокот од ниската шума над Маказар, кога на Зара, тогаш крупна убава девојка, возрасна, седната со поттргнат фустан, ѝ ја виде црната птица меѓу нозете.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ќе го искршиме првиот ќунк на парчиња и ќе ги раз'рваме другите по него и така ќе се промолкниме еден по друг. А ми рекоа дека надвор од двориштево ѓеризот е ѕидан со плочи, четвртаст и толку широк што не ќе има потреба да го прошируваме.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ете го мојов план накусо: ние треба да почнеме со копањето уште веднаш, та до пролет да ја свршиме оваа работа, ако сте согласни, — заврши иницијаторот на бегството Никола Каранџулов и застана да ги слушне своите другари.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Дали би ја заклал својата мајка на парчиња за 50 000 евра???
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
А Ване излезе со теглата в раце, барајќи го првиот камен на кој место да се сопне ќе ја скрши на парчиња, не само невидливи туку и такви што не сакаше да ги види.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ги раскрили двете врати од задниот дел на карванот и почна да го товари багажникот неисчистен откако го беше купил како половен: ногалките од школската табла, топот платно, летвите за распнување на парчињата платно во различни формати, рачна пила, чекан за ковање прави и клешта за вадење криви клинци, полни кантички со нови бои, врзоп четки во сите должини и дебелини, пачка шпахли, самоделска палета од шперплоча во облик на енормно зрно грав, шише со терпентин и шише со растрворувач, а на крајот и куп крпи за бришење на маслосани раце и по некој мрсул солза.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Тој уживаше да го гледа црвениот домат на ластарите исто колку што уживаше да го гледа исечен на парчиња во чинија.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Во тој миг Фисот го грабна мојот есеј, го искина на парчиња, и потем ми се доближи; ме фати за коса и ми го турна клопчето хартија во устата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Го соблеков шинелот, со штикот го исеков на парчиња, во купче ги ставив под моторот, ги полеав со бензин и ги запалив.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Маријанти си отиде при крајот на септември и наредниот ден веќе не го слушнавме острото ѕвонење на парчето шина кое нѐ будеше во раните зори и трчаница, сѐ уште по мрак, носејќи го сонот во заспаните очи, моравме да се построиме на плоштадот и со строев чекор што побрзо да ја заземеме малата лединка лево од касарната на која секое утро, во пропишано време, припадниците на албанската воена морнарица истрчуваа на утринска гимнастика.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ова го најдов кога бев жив, кога имав шеесетина години, запишано на парче избледена хартија меѓу листовите на една книга во мојата библиотека.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Низ гаражата влезе право во кујната, го отвори големиот фрижидер и во него ја нареди храната.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Оној што го разочара го паркира џипот и додека автоматската врата на гаражата полека се затвораше, од предното седиште ги извади хартиените ќеси полни со пластични шишиња со природен џус, конзерви со сос од домати, парчиња свежа риба завиткани во мрсна хартија, јајца, вакуумиран леб веќе исечен на парчиња, филтер-кафе, пена за бричење, зелена салата, крем за лице за мажи...
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
И можеби не само за тоа додека за миг се наднесуваше над мене и ги криеше со влакнестиот подбрадок и своите очи и птиците.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И се случило Панделиј Каламарис трипати да се споулави: еднаш кога останал сам и ранет во рамо меѓу своите мртви борци (и болен водел чета темни пушкари) со кои раснел и сонувал битки; потоа кога војводата Зигас, за да не се предаде жив, фрлил запален факел во бурињата со барут и, чиниш се здружиле стотици молњи и громови, летнал на парчиња кон сонцето покриено со чад; најпосле, кога десетина жени со дребни дечиња в раце се фрлиле за одбрана на честа во водопадите на Црна Река, меѓу нив и жената на Панделиј со близначињата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сонцето беше далеку од својот конак; подалеку од неговата секојдневна врвица бело блескаше месечината слична на парче валчест мраз.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Луѓето се бореле и со нокти и со заби, за една глава барале две: на малите народи една глава им е поскапа од три непријателски; ќе убиеш тројца, четвртиот тебе ќе те доака; ти гниеш во гроб, тој делка дечиња - тројца браќа му загинале, четири дечиња ќе изделка; ти ни род ни пород, тој сѐ може.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ја допрев со прсти болката во слепоочниците и ми се стори дека врвовите на пораснатите нокти ја минуваат коската и растат зад неа криви, непокорни и готови да искинат сѐ што е во мене, и жиличе и мисла.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Можеби се плашеше од тајната што ја очекуваше да ја впие со црните ноздри како мирис од засечена афионова чушка, тајна, за мене веќе помала од светот на рамностапалчестиот Марко Марикин и понезначајна од кошмарот во чии пени вријат крвави, распердушени и испокинати орли и штркови со очи црвени и слични на парче кора од печен рак.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Беа поборници за љубовта, а не на парче хартија на која се потпишани двајца сведоци.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Климент Камилски, кој го следеше подготвувањето на баклавата од суканите тенки, речиси проѕирни бели кори, до додавањето врз секоја кора на филот претходно направен со мешање на состојките мелени ореви, бадеми и лешници, на крајот сечењето со нож на парчиња во облик на ромб и на крајот печењето во загреаната фурна.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На крајот го следеше и подготвувањето на сирупот од шербет (варена вода, со сок од портокали и шеќер), со кој ја прелеваше испечената баклава со половината од сирупот, а потоа и со другата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Треската го влечеше во непознат мрак и му го сушеше грлото на чие дно лежеше неговата смеа искината на парчиња.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Во спојувањето на сонот и јавето во спонтана дремка на парче сунѓересто легло, заѕвони ново сознание за старата мачно изгаснувана желба - да се биде како другите.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Барем да не го сечеа компирот на парчиња.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ставија казан за да варат компири, а тој воопшто не беше измиен.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ако решеа, можеа да ја разнесат Партијата на парчиња уште утре изутрина.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Одекна уште еден тресок. Некој го зел стаклениот тег за хартија од масата и сега го здроби на парчиња од каменото подножје на каминот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„Скапуваш“, рече тој, „се распаѓаш на парчиња. Што си ти? Една вреќа нечистотија.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
На шестиот ден од Неделата на омразата, по парадите, говорите, извикувањата, пеењето, транспарентите, постерите, филмовите, восочните фигури, удирањето на тапаните и завивањето на трубите, по тропотот на чизми во марш, чкрипењето на гасениците на тенковите, брчењето на бројните авиони, пукотот на топовите, по шест дена исполнети со сето тоа, кога големиот оргазам наближуваше до својот климакс, а општата омраза спрема Евразија завршуваше во таков делириум што толпата, само да можеше да ги дограби оние две илјади евразиски воени заробеници што требаше да бидат јавно обесени на последниот ден од прославата, без секакво сомнение ќе ги раскинеше на парчиња со сопствени раце - токму во тој момент беше објавено дека Океанија сепак не била во војна со Евразија.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не само сакањето на една личност, туку сакањето на животинскиот инстинкт, на простата безлична желба: тоа е силата што ќе ја растргне Партијата на парчиња.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Војната е начин да се разнесат на парчиња, да се истурат во стратосферата, или да се потопат во длабочините на морињата, материјали кои поинаку би можеле да бидат употребени за да им овозможат на масите премногу комфор и, оттука, на долга патека, да ги направат премногу интелигентни.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Како можеш да ѝ се обратиш на иднината кога ни трага од тебе, па дури ни анонимен збор испишан на парче хартија, не може физички да преживее ?
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Му дадоа навлажнета риза, ги избриша тој рацете, го зеде ножот и го издроби на парчиња.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Во многу случаи животните го добивале спорот, и како резултат градското собрание коешто ги предало на суд морало да им додели одштета во форма на парче земја врз кое можеле мирно да живеат не загрозувајќи го животот на луѓето.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Луѓето-Леопарди со железни канџи ги раскинуваат човечките тела на парчиња, кашлаат и стенкаат...
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Полуден од бес, Џ ги уби со тапа тесла и ги исечка на парчиња.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Околу зградата во која живеам преку ноќ никнуваат, неконтролирано, нови градби, ми го загрозуваат видикот на парчето небо од прозорците и балконот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Дедо со невидена прецизност ја сечеше лубеницата на парчиња и на секој ни подаваше по едно.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Она змијачено, ми се чинеше дека влегло и во мојата душа, па и неа ја каса и гризе, парче на парче ни од неа да не остане.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Дури на крајот на писмото, во аголот, Ивана имаше напишано дека често мисли на мене и дека ѝ недостигам, што не ми звучеше баш уверливо, а сосема најдолу – да ги поздравам другарките, особено Мила и Снеже.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)