Кога ќе забележеше дека не можам да го следам во она што ми го кажуваше, правеше еден гест кој ни беше како поздрав, а и како знак да ја смениме темата за која разговаравме: со врвот на показалцот ми го допираше челото, па врвот на носот, па усните, и започнувавме да зборуваме за нашите мечтаења – посакувавме да заминеме за Венеција, само тој и јас, Венеција, која во копнежот по нашето заедничко постоење во тој град трепереше онака како што замислувавме дека трепери Месечината во водата на венециските канали, Венеција, со архитектура налик на тантела, која видена во книгите за тој град, пред нас во нашите замисли постоеше пореално и посилно отколку пред очите на многумина од оние кои биле таму, Венеција, секогаш кога ќе ја споменевме, како во некоја игра си ги приближував поддланките, спојувајќи ги местата на пулсирачките жили од двете раце, ги извивав малку прстите, правејќи така гондола, и запловував со гондолата- раце по воздухот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кожата на врвот на показалецот стана жешка и отрпната додека го вртеше тркалото како ќе му дојдеше не знаејќи не ли промашил само малку пред тоа со иста комбинација.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Сурото старче нешто рече. Видливо изненаден, Сандре Самарија се прекрсти, Арсо Арнаутче се наведна и зашара по земјата круг со врвот на показалецот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сега сите тројца под кривото дрво гледаа кон неа, во белината на вратот или во испупченоста на градите. И самата гледаше во трите составени глави.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Низ книгите ги откривавме и нејзините сликари, Карпачо и Белини, Џорџоне и Лото, Тицијан и Веронезе, Тинторето и Тиеполо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Пред заминување, кога двајцата веќе беа простум, Деница покажа на книгата што стоеше најгоре, во платнената торба, во која имаше неколку тетра сокови, парче кашкавал, маслинки и овошје, подвлекувајќи го насловот со бавно лизгање на показалецот по изветвената корица.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ја немаше Јадранка, за да ја споделиме шегата за комшијата кој редовно, искрено речено, (а сметам дека тоа беше неговиот третман за расонување), рутински се расправаше со жената, која му возвраќаше со непрекинато заканувачко мавтање на показалецот.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Еднаш, божем посегајќи по Орбит мастики, украдов кондом од трафиката, го навлеков на показалецот, и потоа прстот го бутав во презреано јапонско јаболко, замислувајќи какво е чувството да влезеш во нешто толку мирисно, слузаво и меко како што велат дека е во жена.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)