Тоа биле поцрнети и исушени луѓе со опаки очи и без насмевка; некои од нив, со завиткани шамии и крпи околу главите и рацете како воскреснати чкулави Лазари што знаат дека само двапати се живее, се сеќавале на вчерашниот живот и на мракот во тој живот потежок и од умирачката, на тоа химерно џвало на кое ни стробјак ни џуџе не му бега, но светлоста на утрото обилно доаѓала од исток и ги бришела од очите на призраците суровите сеќавања.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Призрачнава земјичка стануваше стојбина на призраци. Толку.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
1 Само малку, ден неполн, поточно една ноќ по зачекорувањето на Лозан Перуника во староста што дошла по многу видени погубности, по оние умирања што се случиле во куќата на некој селанец со глува и нема ќерка, преостанатите дваесет и деветмина од дружината по изгревот стасале со двоколките во Лесново.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Го видов пред паѓање оќоравениот Арсо Арнаутче и го видов полуголото старче како бега со крик низ вратата, слушнав извици на некои што доаѓаа и почувствував дека почнувам да повраќам чемер, и сѐ беше стравотија на крст што паѓа врз нас, нѐ дроби и остава да изгнијат под неговата тежина мртвите надежи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)