Покрај тоа, согласно новиот Закон за прекршоците од 2006 година воведена е постапката за помирување како начин за наплата на паричните казни (чл. 6, ЗИДЗЕОТ/08) и се укинува поднесувањето пријава за засновање на работен однос во случајот на приправниците (чл. 2).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Нова е и одредбата којашто предвидува ограничување на можноста за отказ на приправникот од страна на работодавачот, бидејќи за времетраење на приправничкиот стаж работодавачот не смее на приправникот да му го откаже договорот за вработување, освен во случај на спроведување постапка за престанување на работодавачот – како, на пример, при стечај, ликвидација и сл. (чл. 59, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
5. Беа воведени и промени кај веќе постоечките видови работни односи: а) Во врска со одредбите што се однесуваат на статусот на приправниците, со ЗРО (1993) се избриша одредбата на ЗРО на СРМ (1990) која велеше дека приправникот кој врши волонтерска работа има право на здравствено и инвалидско осигурување, за инвалидност и телесно оштетување предизвикано со повреда на работа или професионално заболување, како и право на соодветен паричен надоместок за вршење на работите и задачите утврдени во општиот акт, односно колективниот договор – на товар на средствата на организацијата надлежна за работите на вработувањето (чл. 5, ЗРО/90).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)