Блесокот на сончевата палавост, така живо тоа утро удираше на прозорецот на кој требаше да има стакло, но поради тоа пак, сонцето можеше лично да ги погали младенците.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Јас толку силно го стиснав копчето што ѕидовите почнаа да пукаат, стаклата на прозорците да се кршат, таваните да паѓаат, а некои од институциите експлодираа и така беа разнесени што камен на камен од нив не остана.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Нечујно пријдов и таму, на прозорецот, ја гледам како со рацете на крст се држи и си ги стиска дојките, а со нозете го го прејавнала радијаторот и се трие на него загледана во мачките крај ѕидот отспротива.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Гоце тукушто го беше започнал часот со учениците во новоселското училиште, некој чукна на прозорецот од училницата.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Што мајстори испречекав и наранив додека да се прередат керамидите, додека да се исчистат ѕидовите од големата соба и наново да се малтерисаат, додека да се подреди со штици чардакот, да се направат нови пармаци, да се заменат искршените стакла на прозорците.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ја кренав главата. Сетив дека ветрот се стишал и низ едно од стаклата на прозорецот ја видов големата месечина.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Што работа дадов додека ги стокмив перденцата на прозорците, што шиење, што везење, а постелнината, бел вез винова лоза, да ја порачувам дури во Велес.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Од катот горе, низ долгнавестата рамка на прозорецот, го гледав сонцето, огромно и крвавожолто, како излегува од зад голиот рид.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Од чардакот на нашата стара куќа, која во последните години со жена ми Агна ја услагодивме за живот - го подредивме чардакот, ги сменивме диреците и веќе скапаните штици на подот, ги обновивме искривените рамки на прозорците, ги варосавме бело собите, ги урнавме, со голема тага, гнездата на ластовиците, ставивме тешка спорогоречка печка за топлење зимата, го проветривме тешкиот метален сандак кој го имаше задржано мирисот од пред седумдесет години кога бил донесен од Америка - гледам како се спушта пределот кон долината од чии млаки се креваат пасма пареа кон небото.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Се подадов на прозорецот и ја видов жената со кошаре в раце намачкано со пчелинок, вабејќи ги пчелите со тивка песна: „Маат, мааат, матице, душице, маааат, маат...“
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Печисонце, скара на прозорците, окалки со прекрстени раце, апарат двоблиц Минолта (ние во него), бркотница на мислите, орев.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Неколку глави се залепија на прозорците од вагоните, за да видат каде се, и пак се загубија.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Молчевме загледани низ празните рамки на прозорците што личеа на истечени очи.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Тато ѝ помогна да се качи во возот. Ѝ го смести багажот, а таа веднаш застана на прозорецот. Беше многу возбудена.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
На една од своите трпези, со десетици имиња на монаси издлабени врз трпезата, во зографскиот манастир на Света Гора, седат монасите, дрвена паница велигденска чорба и бокалче црно вино пред секого и откако ќе ги испеат сите молитви и удри камбаната за да ги здружи морето и ѕвездите на прозорецот болснува секавица колку за миг да се види сенката Исусова додека воскреснува.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Ноќта била студена, ќерка му не се вратила дома, а тој сепак се надевал дека ќе ја запали колата, и покрај мразот фатен на прозорците.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Сега кога речиси неосетно нашиот поглед Ја губи светлината што шеташе со години По обожаваните предмети (Трепери само уште по предметите Што сонцето ги држи во раката дрско протната низ стаклото на прозорецот)
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
И ете, наспроти сите божји нешта, Сега луѓето застанати на прозорец гледаат и се крстат: Точно во таа доба и од страна зад која исчезна таа Квечерина, заедно со ѕвездите - изгрева и сонцето.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Да си замислиш еден прозорец И на прозорецот да си ја видиш сестричката Пладнето што те довикува за ручек, Да седнеш на трпеза покрај татко ти, Тој да го крши лебот и да го бакнува.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Нешто сепак се гледа зад сенките на дождовите: пеперутка долетува и застанува на прозорецот, трепка со крилцата, пишува врз него со жолти букви низ топол ветер мај 1978.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
По толку време – си седи поштарот сам, Прета, копка нешто со бастумот пред него, Ѝ шепти нешто на земјата, И гледа една тажна жена осамена на прозорец, И се мачи да го одгатне раописот на животот, Избледеното писмо на чекањето.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Гледајте на ова место дури не прошетал оган нив него Ноќеска ја видов неа тука во птица престорена И на прозорец ми тропна.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Надвор е студено. Стаклата на прозорците се покриени со иње. Бели се и преку нив ништо не може да се види надвор.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
И цело време само се гледаат. А на прозорците - две деца.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Како и утринското пајче, и она беше тука, додека немиот брод по големите води, на стаклото на прозорецот, се сокри зад непроѕирноста на ѕидот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Хермоген: Како би можеле поинаку, Сократе? (Платон: „Кратил“) Натажената париска есенска влажност, со капки дожд, кои и кога не врне, се посеани на прозорецот; на симсот – секогаш неколку мокри, валкани гулаби треперат од студ, а над нив, стуткани, надлетуваат големата мајка, мразната птица од Сена, носејќи им во клунот парчиња магла, рѓосани цефки од речните лаѓи, гнојни шансони на умирачкиот гамен...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Куќите, градени од плитар, се распаѓаат. Стојат ѕидовите и со шуплините на прозорците и вратите, плашат секој намерник.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Сега зее со празната голема влезна врата и со испокршените стакла на прозорците.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
На покривот се собираа гугутки, ги слушнав.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пак истото ја прашав од збор до збор и пак таа остана во тесната рамка на прозорецот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Слична на сина снегулка, на прозорецот падна пеперуга и се сетив: болеста моја беше да се дочека пролетта на туѓ сламарник, лек - да се гледа низ клепки во детски подотворено руменило на усни.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Остана завртена со грб по чија ленена белина се спуштаа две 'ржени плетенки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Негова среќа е Младичот што не гледа во него, туку во белината што почнува да се јавува врз стаклото на прозорецот.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Ќе скокнам... Подобро чесна в земја отколку нечесна над земја. (Се качува на миндерот и ја става ногата на прозорецот да скокне.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Беше декември, и од покривот можеше да го види одразот на новогодишните светилки на прозорците на соседните згради.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Стана и отиде на прозорецот, печката зад него беше усвитена од жар, беше слободен и отпуштен, свикнат и смирен во таа темничина, како полжав под своето самарче, без никаква желба за бунење, а неговото тело не бунцаше за ниеден ненаправен чекор, само едно тивко преместување во таа просторија, во таа долина, која сега ги тераше полека сите свои жители да се јават, како при некое чудно повечерие, да испуштат од себе по некој глас, секој по некој свој писок, или по некое будно око.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Оние застанаа во еден миг. Тие знаеја за него, тие сите го сеќаваа одамна на прозорецот него, но сега застанаа сигурно и од нешто сосема друго.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Остануваше на прозорецот сосема неподвижен, со сите тие врескања во себе, и со еден човек, со еден пронајден лик во сеќавањето, за кого што тој ни еднаш не мислел дека го има сочувано во себе.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Колку повеќе остануваше на прозорецот, тој можеше сѐ појасно да го открива тоа, а во длабокото претпладне тоа веќе сосема се одреди и се изјасни пред неговиот поглед.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Кога испука сѐ, што имаше во магацинот од својата пушка, Претседателот остана нем и неподвижен на прозорецот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во оваа доба обично ја наполнуваше печката така, што се чинеше само уште што не тргнало да полета од разгореност, тоа огромно буре, а потоа, издолжен на креветот, или притивнат на прозорецот, продолжуваше да чека.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И којзнае по кој пат по неговото синошно враќање, но сега сосема одредено како мисла, додека стоеше на прозорецот, заталкан со погледот по топлата виделина на денот, од која снегот добиваше мекота на нафрлан памук, во неговата свест проструи и тоа.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Еднаш меѓу Змејковите прсти во конзервата се срони една шарена сува пиперка, која дотогаш стинееше на прозорецот, од неа запрже слузокожата во носот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тогаш, еден по еден, тие пак настануваа како месечари и си ги зафаќаа своите места на прозорците, сите со по еден грч што ги правеше голи, стегаше од под очите и им ги дигаше тие делови од лицето нагоре, нагоре.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И наеднаш им стана чудно: како тоа сѐ досега тие да не ја имаат сетено убавината на таа малечка собичка среде снегот, на тоа седело, што луѓето го имаа оделено од белата долина наоколу само за себе и на леглото, и на развалената печка, и на прозорецот, пред кој снежинките како цветови продолжуваа да си ја играат својата волшебна игра, понесени од бавниот игрив виор на врнежот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Собра раменици. Се прибра во вратничката. Сега стоеше на прозорецот. Сам.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Стоеше увиснат, на прозорецот. И дури многу доцна, полн со тие себеобвинувања, можеше да го открие она, што се случуваше со денот надвор.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сега стоеше на прозорецот и го сеќаваше со целото тело блиското живинче во неговите нозе како стои со исправена глава и исто како него загледано во прозорецот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сѐ почесто знаеше по цели часови да остане на прозорецот и да ги гледа снежинките, не мислејќи притоа на ништо друго, а потоа ја дофаќаше книгата со народни приказни и којзнае по кој пат се занесуваше во тие долги и познати творби, секогаш повтор откривајќи во нив по нешто ново, што не го знаел во таа книга.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Со тие исчекувања во себе, што ја зајазлија, сета негова среќа со убавиот ден и со високото небо, тој веќе не можеше да остане на прозорецот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сега можеше уште само да стои увиснат на прозорецот во одајчето, откако ја затвори зад себе вратата, без да фрли ни еден поглед назад, а пред него снегот продолжуваше неподносливо трпеливо и вртоглаво да го ткае својот превез под паднатото небо, безизразно и морничаво празно.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но, уште веднаш, штом бичкијата се закопа во трупецот, а тој се поттргна малку настрана за да здивне, онака скапнат, со две врени клопчиња умора под своите мишки, погледот му запре на прозорецот и уште веднаш знаеше дека сега, само уште кусо време, ќе мора да дојде и крајот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Помисли, онаа коса допрена на прозорецот не е онаа која беше послана по неговите гради.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Стана, остро зачекори, загледан во светлата реска на прозорецот која избледуваше и тоа како да го дразнеше па со поголема жестина ја излеваше својата огорченост од човечката слабост и плашливост.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Во светлината на прозорецот од спротивната страна на улицата тој гледа жена свртена со грб кон улицата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Палмата, дебела и лушпеста, ја одземаше сета ширина на прозорецот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Се губеше тој во темно-модрите кругови и од каде што наеднаш му надојдуваше ваква сила: ги витка железата на прозорецот и слегува, слегува по дебело јаже и јажето шумоли во дланките, меѓу нозете и градите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Таа избледена светлина на прозорецот како да го испаруваше и уплашено чезнеше од разбеснетите зборови и од мрачниот заговор на сенките што се диплеа околу неподвижното тело на Арсо.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тој час некој или нешто се засенува од таа страна на прозорецот, потоа тивко и претпазливо тропка на џамот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Низ секоја пукнатина на старата воденица се пробиваат перчиња на темницата. Само што квадратот на прозорецот станува посветол.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
На прозорецот ја гледа и пчелата што неколку утра му доаѓа и прпелка, удира на стаклото да влезе внатре.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
И еве неколку денови доаѓа таа на прозорецот, се прпелка, лази по стаклото, зуи и бара пат да дојде до цвеќето.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Инаку постојано тонеше во бунило; му се заплеткуваа некакви полипи околу нозете и го тргаа надолу кон длабоките води во кои тој не можеше да дише; се задушуваше, скокаше, се поткреваше од креветот и дишеше лакомо од воздухот за да се поврати во живот; со погледот шеташе низ болничката соба и се мачеше да се дофати за нешто: за лустерот на таванот, за вентилаторот, за корнизите на прозорците, шишето обесено над него од чија течност му се полнеше телото за да му се врати силата; се мачеше да се дофати за било што само да не втонува надолу, да не им дава на полипите да го тргаат во длабоките води каде што не може да поземе воздух.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Наредните денови по доаѓањето, Богдан започна да ја средува куќата, да ја чисти, да го брише правот и пајажината, да ги брише црнилата на прозорците за да влезе светлина, да ја осветли мрачноста внатре; го истружи подот и им го врати на штиците изгубениот изглед и сјај; ги вароса ѕидовите на собата и внесе свеж здив; го измачка со малтер ѕидот кај водарникот што го изела влагата; ги ископа оние влажни, позеленети флеки на некои места на ѕидовите што не ги покриваше и обелуваше варта и кои му личеа и го потсетуваа на земјата што ја врвел и повторно ги малтериса и вароса; ја подмачка вратата да не чкрипат резињата, ги дотера прозорците да се отвораат и затвораат; ги поправи федерите на креветот да не пропаѓаат.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
На прозорците од Пансионот има дебели пердиња и ништо не се гледа.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Камилски брзо се оттргна од мислата за тврдината и поранешните дискусии со Татко за неа и се врати кон преостанатите зборови како: диван, диванхане, претсобје, ходник, но и голема приемна просторија со убав изглед, обично на горниот кат од куќата (од персиски divanhane), пармак, пармаци, дрвена ограда, на чардакот или на басамаците, направена од тенки летви (од турски parmak, paramaklik); басамак, басамаци (од турски basamak); мердивен, подвижна скала (од персиски merdiven); сандак, порано овој збор бил употребуван за означување вид сандак во кој се чувале алишта и особено невестинското руво, обично се изработувале и украсувале во разни шари, а денес со овој збор се означуваат сандаци направени за разна намена, особено како војнички сандак (турски sandik) и перваз (персиски pervaz), означуваат дрвена конструкција на прозорците и вратите; dolap (од персиски dolap); серген (од турски sergen); мусандра (од турски musandira).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Триве последни заемки најчесто се употребувале за означување вид денешни плакари, вѕидани долапи, рафтови слично, а дел од нив се и во денешна употреба.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Низ решетките на прозорецот протече млака наквечерина; нараснуваше полека и ја голташе тишината станувајќи и самата тишина.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
11 Осамна обично, облачно утро. Томето беше дома, штотуку се имаше вратено од продавница, ги аранжираше цвеќињата на прозорците.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Две момчиња го варосуваа белото лице на осаменото кафеанче.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Вратите и рамките на прозорците ги боеја со азурно сина боја, според андалузиската традиција.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Јас ја минав војната. Оваа не ми требаше.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Трите жени излегуваат на прозорецот.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Барем една четвртина од стаклата на прозорците во улицата беа искршени и заменети со картони.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Неговите очи прелетаа во круг преку ѕидовите, како да очекуваа дека некаде ќе наидат на прозорец.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сноп бледа црвенкаста светлина едвај продираше низ нечистите стакла на прозорецот како нејасна порака на крвавото небо над планината во која згаснаа громовите на августовското попладне.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Кога се обидов да го расчистам купот стари весници, хартии и разни дребулии од длабокиот внатрешен раб на прозорецот, на подот испадна една фотографија, извиткана од влагата што допирала однадвор: Борко, од времето кога се запознавме, веднаш по Војната.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Молкум ја свртив наопаку и ја ставив во длабочината на прозорецот.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Еве, дури и кога би седнала да пишувам за ова околу мене, за природата, би морала да се затворам во одајата, да не го слушам ниту зуењето на инсектите, па и темно перде да закачам на прозорецот....
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Иако почнале да горат и умирале во страшни маки, пееле песни за слободата. Запалени, како факли на прозорците...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Слушаше како ветерот постојано гребе со ветките од дрвото на прозорците, слушаше како некоја провисната ламарина постојано потропнува во дворот и тоа го вознемируваше, онеспокојуваше.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Приквечерина е. Костадин сам и замислен, седи на миндерот со глава потпрена на прозорецот.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Гледаш, сѐ една мисла, сѐ една храна... Друго не ти јадам.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Костадин не ќе дојде! Така пет години!...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
(Го наместува Колета на прозорецот).
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Застануваа ноќе на прозорците, излегуваа на вратите и чардаците и штутеа да чујат нешто, претчувствувајќи дека сите несреќи идат ноќе.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Еден ден неможејќи да го слуша плачењето на татка си, зеде ракија кришум од мајка си, ја потпре дрвената скала на ѕидот од куќата однадвор и се искачи до прозорецот и му го протна шишето низ решетките што ги ставија на прозорецот за да не може да излезе од собата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
XXIV Уште од рани зори луѓето во селото почнаа да ги буди лавежот на кучињата и некаков тропот; стануваа од постелата, ги лепеа очите на прозорците, излегуваа на чардаците и гледаа исплашено: колони војници врвеа низ селото; им светкаа шлемовите и оружјето на виделинката од зората; од сите сокаци се точкаа војници, а коњите што влечкаа тешко оружје, опрема, муниција и казани за јадење, врвеа по широкиот пат крај езерото; фрчеа коњите со носевите, збивтаа под теретот, чувствуваа жед и ги вртеа главите кон езерото што на утринското ветре шлапкаше бранчиња на брегот; од војниците избиваше пареа поднаведнати под тежината на ранците и оружјето; кучињата непрестајно лаеја и напињаа на синџирите да ги скинат; оние што беа пуштени, се втурнуваа кон војниците, но кога ќе добиеја клоца, ќе сквичеа, се тргаа настрана и продолжуваа да лаат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Го потпре челото на стаклото на прозорецот. Нешто стануваше, нешто ја решетеше ноќта.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Но иако строго наменска и поттикната од желбата да се потисне траурното во нас, таа лошо смислена приказна исплива од ноќната река на спомените додека бдеев на прозорецот многу месеци потоа.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Инаку, за да навратам на таа циркуска точка најмногу придонесе неочекуваното вплеткување во неа на доктор Пачев.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И токму тогаш кога се чинеше дека непопустливоста кај Стојна надвладеала, таа му се искубе од рацете, втрча во полумрачната соба зад тремот, и речиси во истиот момент се покажа на прозорецот сосема подготвена, а веднаш потоа почнаа да го изведуваат она за што толку долго се канеа.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Очите постојано им шараат кон неа на прозорецов.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Ars poetica
кога го опеваш не го спомнувај
морето, туку кажи делфин
кажи алга, кажи блуз
или
за морепловците, потонатите ’ртови
јодот и струјата зборувај
за солта, нуркачите, светилниците
за галиите, фосилите, коралите
за одронувањата, песокта, реумата
за ритамот
за матката
за бродоломците
за капаците на прозорците, кристалите и
авантурите, морските болести и трговијата
на свила и бело робје
за капетаните последни што умираат
за проститутките кои не се надеваат...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Сега облекуваше спортски чевли кога тргнуваше на прошетка зашто инаку, кога би носел чевли со цврсти ѓонови, би го следеле пците-скитници со своето лаење долж сиот пат, би се палеле светлата на прозорците од каде би се јавувале разни лица, и целата улица би била вчудовидена штом би видела едно- единствено лице што талка низ празната улица.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Прозорските рамки се извија. Стаклата на прозорците светнаа.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Таа на прозорецот – тој врз завесата, таа на плафонот – тој врз креденецот, таа на креветот, а тој... под креветот, потоа таа кај вратата, а тој над масата и ги исклештил забите!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
А, Параскево, парчиња да се сториш! (По мала пауза.) Ај да си прилегнам малце да си ги одморам коските. (Легнува на миндер.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
НАЦА: На сиромашката чорбаџика. (Почнува да ги, брише стаклата на прозорците.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Истрчав на прозорецот - немаше ништо: истрчав на чардакот - немаше ништо.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
2. поплава Далечните нѐ уморуваат Доаѓа елементот Па меѓу многуте искривени и тесни брегови на прозорците водите брзи течат жолти итаат и ги прескакаат невидливите и сиви препони на дните Па штом ќе се сетат на своите гради зелени горди како млади жени ги минат оградите на замислените брегови
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
А кога ќе се разбудев, на прозорецот гледав само обични сенки од фикус разиграни од слабо ветре.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
На прозорецот од собата слета бела птица која од некаде му се чинеше позната.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Листовите на фикусот поставен на балконот трепереа и од најслабо ветре, а сенките што играа на прозорецот секогаш личеа на човек, лош човек кој демне и чека погоден момент да ме грабне.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Се огледа на прозорецот од еден паркиран автомобил.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Тогаш се отворија ќепенците од куќата и на прозорецот се појави бабата на Дора.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Покажуејќи на прозорецот) пуцав још ... бум .. бум... боже мој ... овако је ... (Во тој момент се издига надвор - во квадратот на прозорецот црвена ракета).
„Гладна кокошка просо сонуе“
од Блаже Конески
(1945)
Застанав на прозорецот на кој што немаше завеса и заклучив дека имам поглед кон улицата.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Седевме Кети и јас, еден крај друг на прозорецот од спалната соба на горниот кат од нивната викендичка на Попова Шапка и гледавме во чудните предели облеани со бела месечева светлина, кои ноќе, онака голи, без ниедно дрво, прилегаа на скаменет пејзаж од некоја далечна планета од научнофантастичните филмови.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Окната на прозорците беа чисти, со перденца, од вратата до огништето беше послана черга, врз ковчегот под прозорецот до огништето весело шарена памучна покривка.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Таман Коте го палеше лулето со едно гламче извадено од огништето кога некој засенчи на прозорецот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Останав со крената рака и со очи овргалени на прозорецот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А пролетта си чука на прозорец, пилињата уште погласно ги слушам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Јас гледам во дождот што ткае на прозорецот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Запира возот, а на прозорците се обесиле Германците и пеат, викаат по нас.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
" Се потпрев на прозорецот и пеам и јас со нив.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во бараките се палат светла и се појавуваат глави на прозорците.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
За куќите крај пругите и децата на прозорците. Замисли си само!
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Една мисла ми ја поматува среќата.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Значи, седам во мојава соба, на прозорецот, гледам во потокот, Борче, не знам што му текнало, учи нешто во неговата, т.е. во собата на брат ми, што е сега привремено негова и, веќе реков, ги имам сите предуслови да бидам сосема среќна, а не сум.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)