Овој начин на регулирање на ефектот на вработените остава значителен простор за притисок врз нив и создавање на атмосфера во која тие би биле принудени да се потчинуваат на волјата на своите надредени и би била доведена во прашање професионалноста, непристрасноста и објективноста, кои пак се гарантирани со чл. 9 од овој Закон.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Што се однесува на регулирањето на правото на штрајк, до донесувањето на ЗЈП од 1996 година, правата и обврските на работниците во однос на правото на штрајк беа регулирани со Законот за штрајк од 1991 година.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)