Новите пријатели се кокичиња и качунки, што ја превземаат функцијата и на пријатели и на роднини.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Изгледаше како накиснато врапче во својот студентски капут и во пролетните сандали, и беше толку вознемирена поради непредвидената несреќа, што заборави да ги понесе клучевите од автомобилот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Беше омажена за еден салонски магионичар, со кого што требаше да се сретне тој ден по посетата на роднините во Сарагоса.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
А сега наутро – дрн – телефонот и телефонската слушалка ќе ти ја каже лошата вест. Или ќе отвориш весник и сликата на роднината, на пријателот...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ете, затоа и нашите пазарџии кондисаа вечерва кај Селчаните на ан, а утре на раат ќе пазарат, за во сабота да си одат позарана дома, оти во недела треба да се раздадат даровите на роднините.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
По дома муабет за дечко беше строго забранет и немаше таква категорија на роднина додека не се даде збор или свршувачка, ама затоа постоеја другари, блиски, блиски... па кога ќе раскинеш, оп - нов другар, уште поблизок, ама овој е најдобар по физика и, всушност, ти прави чест што секој ден одвојува време да ти потпомага во градивото.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Без свеќа и без крст и име врежано во камен, а имињата најмногу им се живи во споменот и болката на роднините и запишани се во тефтерите кои на архивските полици ката ден ги гризе прашина.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ова ѝ го реков на роднината Леонора додека излегував од собата на вујко ми.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)