Дале драгоцен придонес во развојот на трговијата и занаетчиството, посебно во златарството, кожарството, винарството, угостителството, производството на свила и ткаенини, а не мал број од нив биле и угледни лекари, аптекари и банкари.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ars poetica
кога го опеваш не го спомнувај
морето, туку кажи делфин
кажи алга, кажи блуз
или
за морепловците, потонатите ’ртови
јодот и струјата зборувај
за солта, нуркачите, светилниците
за галиите, фосилите, коралите
за одронувањата, песокта, реумата
за ритамот
за матката
за бродоломците
за капаците на прозорците, кристалите и
авантурите, морските болести и трговијата
на свила и бело робје
за капетаните последни што умираат
за проститутките кои не се надеваат...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Тргувале со Цариград, Дубровник и Венеција, градејќи го најживиот и подвижен мост на западниот и источниот свет.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во тоа време во Македонија започнува и производство на свила , но во јужниот дел: гевгелиско, струмичко, Дојран, Радовиш.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Сиот нејзин живот беше таков, секоја нејзина желба се протегаше до исполнувањето лижена од ладниот пламен на свилата.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)