Без патерици или бастун не можеше да отиде до колата. Ѝ се јави на секретарката и рече дека ќе биде на пат неколку дена, можеби и цела седмица.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
А белезицата!? Сепак, ќе беше многу посреќен, дури и овде, во ќелијава, да не ја видеше таа белезица на раката на секретарката Ботка.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Единствено што се надевам е дека нема да дојде денот кога луѓето ќе престанат да зборат и наместо говор ќе ги користат само рацете на тастатура кои ќе станат извежбани како на секретарката у суд, а пола Македонија да носи тегли наочари тројка од што ќе си ги истера очите пред своето Пи-Си.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
„Она што е заведено во бележникот на секретарката на другарот Јаким Ниновски дека состанокот помеѓу него и другарот Јаким бил закажан за во вторникот, на 18 јуни, воопшто не држи вода.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Или се случило на туѓ врат да видите сличен на нејзиниот гердан, или, што е уште поразумно, дозволете да заклучиме дека вам само ви се причинило оти ја имате видено истата скапоценост на вратот на секретарката на другарот Ѓурчин.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„... Кога влегов во канцеларијата на секретарката, таа не беше таму.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)