И сѐ очите му беа во малата Анѓа. – Ете, да не ни го грабнеа Ѓелета, сега ќе си го пратев со бацка му овчар; да не ни го грабнеа Ѓелета, сега ќе ни помагаше на снопјето врзување, на жниење, на вршење.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Не затоа што се витлите сложени алатки, напротив, многу обични се, но голема мајсторија е да врзиш сноп кој, при пренесувањето, нема да се растури, а витлите за тоа служат, за врзвување на снопје.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Од така потопениата во вода `ржаница, откако добро ќе искиснеше, наредниот ден, околу мала ужина, правеа јажици и тоа, правењето на јажици,како и врзувањето на снопје со нив, беше мајсторија што не знаеше секој да ја прави, туку само најопитните.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
После Отец Симеон без причина се сети на сноп црвени булки, синчеци, качунки, јаглики.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)