Бремето сѐ повеќе се оддалечуваше, со себе носејќи ја нејзината болка, оставајќи можност на спокојот полека да се избиструва.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Таков: карпи од чии врлежи се образува неспомната, ни во книга ни на слика, царска тврдина со стотици пештери и пештерчиња низ кои се спровираат лачи, под облаци чија боја е згуснатост на спокој и на кои лежи бакарно-портокалеста дамка и предвидува дека од некаде ќе скокне со јунешки пркос сонцето и ќе ја измени бојата на темната, спокојна, скоро мртва вода на чие дрво се претчувсвтвуваат билјурни ѕидишта на манстир; низ прозорците на ѕидиштата се провираат сребрени и модри ластари, на нив висат гроздови од мали сонца.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
6. Ти доаѓам забрадена со море и песна
Како ден за проштевања роден
Јас, дремката на ливадите
Јас, името на бездните
Да те бакнам во челото на спокојот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Од почеток Исчезнувам и пак се појавувам, и бројам, Во секој ден го бројам нашето време, движењата на усните твоите зборови, мислите, миговите на спокој, ми го смируваат исчезнувањето, така ми е полесно.
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Само со тебе и со ниедна друга ја почувствував лулашката на спокојот...
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
„А јас клучот на спокојот го носам за да ја засолнам самотата во ноќта мирна Така од ѕвездената непрегледност ширна далгите езерото кон брегот го носат“.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)