на (предл.) - столче (имн.)

Повозрасните мажи од селото, кога немаа работа околу добитокот, доаѓаа тука, некои седнати на столчињата, а некои така простум од нозе ќе испиеа по некоја чашка ракија.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Го остави послужавникот на столчето блиску до вратата и дојде до масата прво да се поздрави со гостите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Една постара професорка со дебели наочари, какви што ги замислуваме оние од „старата школа“, кои на почетокот од кариерата на немирните им удирала заушки и ги потчукнувала со врбов стап, сега молежливо гледаше во професорот до неа, нервозно врткајќи се на столчето.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Додека дедо му седеше насапунет на столчето и се подгледнуваше нагоре кон големата слика на Тито во маршалска униформа над потпукнатото огледало, со помалата слика на синот на Ружди во униформа на ЈНА во едно ќоше, бричот се точеше од каишот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Мајката вареше пченица во кујната, а дедото седеше на столчето до шпоретот, загледан во тенџерето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А за крај, откако стариот младоженец на мелодијата „Секс бомб“ ќе игра како Пинк Пантер околу старата млада, седната на столче на средина на подиумот со прекрстени нозе и обесени бутинки обидувајќи се со вештачката вилица да ми ја слече жертерката, јас ќе спремам стриптиз, како Ким Бесинџер од „9 и пол недели“, и, на песната „Нека ти остане само шеширчето“, ќе ги збеснам сите! Ете, така ќе биде!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ја заврши својата работа и седна на столче во дворот.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Пред вратата, на столче седеше Земанек и во раката држеше шише со ракија.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сигурно и насмеаната тетка (Леле колку личи на тетка Евдокија од Прилеп!) седи на столчето пред порта и одеднаш ѝ се раѓа и мислата дека само овде нема признато, нема влезено во дворчето, нема проговорено со насмеаната тетка!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Речи обично - по веќе определен ред, веќе видено, познато... редење на столчиња во холот, а тоа значи дека откако ќе заврши приредбата - враќање во училиште... мораше така, немаше друг излез... како наводенети врапчиња се прибравме во холот... а надвор врне, со студен ветер, небаре секој миг ќе заснежи...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Сонцето ѝ блескаше во очите, таа ги зеде очилата за сонце што ѝ стоеа на столчето крај неа.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Го закачи во ходникот сакото што го носеше наметнато преку рака а во собата додека седнуваше на столчето со скусени ногарки не престана да си ја брише потта од челото.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)